Најмалку 45 луѓе беа повредени во денешниот ракетен напад врз Кијив каде се регистрирани серија силни експлозии, а според извештаите на западни медиуми голем број згради се оштетени.
-Осумнаесет од нив, меѓу кои и две деца се хоспитализирани, соопшти градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, додавајќи дека се оштетени згради од проектили во киевскиот кварт Днипровски.
Кличко во порака на Телеграм наведе дека жители на една зграда се евакуираат, а службите за итни случаи работат на гаснење на неколку пожари.
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, во својот твит на 658. ден од руската агресија врз Украина објави дека синоќа Кијив беше ракетиран со балистички ракети, при што има цивилни жртви и разурнување.
658. Синоќа Кијив беше гранатиран со балистички ракети. Непријателските цели на рф беа уништени, но има жртви и разурнувања.
Украина се бори!#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/Nvf3rcYuJq— Larysa Dir (@dir_larysa) December 13, 2023
Драган Мишев / Цивил Медиа