ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Енис Барди (Bardhi)

Возрасниот Албанец пред натпреварот ни рече „Нека победат Англичаните“, а младиот Македонец револтирано ја пцуеше својата репрезентација, само затоа што во неа играат Албанци, кои ги нарекуваше „шиптари“. И покрај фактот што не се работи само за поединци, кои ја негираат својата држава од различни причини, треба да се обидеме да бидеме како Енис Барди (Bardhi)

December 15, 2023 08:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пишува: СЕФЕР ТАХИРИ

На 20 ноември, на денот кога беше натпреварот меѓу Северна Македонија и Англија, во Тирана играа Албанија и Фарските Острови и воедно се одбележа пласманот на албанската држава на Европското првенство во Германија. Вистинска фудбалско –етноромантична еуфорија. Типично за Балканот, каде што на чуден начин се поврзуваат спортот и историјата (политиката).

Заедно со мојата сопруга, Арта и нашиот 10 годишен син Дрен, немавме дилема дека ќе одиме да го проследиме натпреварот на Градскиот стадион. Додуша, за волја на вистината, му го исполнивме ветувањето дека ќе може да ги види фудбалерите на Англија. Негов миленик е Белингхам, фудбалерот кој со своите докажани способности како да е надреален.

Во лифт, се среќаваме со еден наш поранешен колега. На разидување ни рече „Дај боже да победуваат тие“, значи Англија, ама го кажа на суптилен начин да не го разбере Дрен. Не, не се чудете! Кога игра Северна Македонија против другите држави, голем број Албанци навиваат за противникот. Демонстрирање на еден вид нелојалност кон државата, заради дискриминаторскиот систематски однос кон неговите граѓани, кои имаат поинаква припадност од мнозинскиот македонски народ.

Стигнавме на стадион, среќни и радосни, што одблиску ги гледаме светските фудбалски великани, кои беа вистинска атракција, особено за децата.

Се интонира химната! Фудбалерите, но и навивачите со етничка албанска припадност заради почит гордо стоеја, но не ја пееја. Таа со ниеден збор не ги спомнува Албанците и нивниот придонес за државотворноста. Имаше и громогласен аплауз од целата публика, кога се истакнуваа имињата на фудбалерите, без разлика дали се Албанци или Македонци. Редок момент во земјата, кога граѓаните се едногласни.

И ете пенал! Топката ја зеде Барди (Bardhi), шутираше и по првото бранење на англискиот голман, даде гол. Вистинска експлозија на целиот стадион. Славеа сите: Македонци и Албанци, муслимани, христијани и атеисти, вмровци, сдсмовци, дуиовци, алијансовци, бесатари, алтернативци, демократи, веројатно и „левичари“ (тие се најголемите десничари).

До нас седеше едно дете, кое немаше повеќе од 15 години! После голот, се изнервира и гласно почна да го искажува револтот „Каква е оваа македонска репрезентација, во неа има само шиптари, мрш во Албанија“ (Се извинувам за употребата на терминот, но го цитирам директно, за да се отслика стварноста). Неговиот татко се обиде да го смири и во еден момент му рече „Доста, срамота е, гледај, блиску ти се“ (демек ние, Албанците). Не му кажав ништо, само ми беше жал за детето, но и за мојот син, за сите! Сакав на таткото да му кажам дека детето не се едуцира интеркултурно на стадион. Но таквиот однос не е само резултат на родителите. Голема улога за неговата реакција веројатно има и неговиот учител/ка, а и дел од моите „колеги новинари/ки“ со нивниот етнонационалистички дискурс.

Додека младиот дечко ги пцуеше „шиптарите“ Енис Барди (Bardhi), лавовски се бореше за боите на репрезентацијата, заедно со Елиф Елмас и другите фудбалери, кои го играа, веројатно еден од најубавите мечеви на државната репрезентација. Балкански парадокс!

Енис Барди (Bardhi) e патриот, вистински патриот, кој си ја сака својата држава, се бори за неа, придонесува херојски и со љубов, а кога дава голови, радоста ја споделува и со навивачите кои не се баш расположени позитивно кон Албанците: комити, чкембари, мајмуни, лозари, војводи, гемиџии и кои често извикуваат „Македонија на Македонците“! Лажни патриоти. Вистинските, со дела докажуваат дека „Македонија е на сите граѓани“.

Енис е европеец, има современи цивилизациски сфаќања, и дава сè што може најдобро за државата и не чека „државата да прави нешто за него“. Така треба сите да придонесуваме, така ќе одиме напред.

Верувајте, во земјата не е лесно да си Енис Барди. Полесно е да си Јасир Асани, главниот фудбалер, кој практично ја однесе Албанија на Европското првенство, а е со потекло од село Батинци, скопска општина Студеничани.

Додека го читате овој текст, сигурен сум дека, дел од Македонците, велите „Како да не, Албанците можат да бидат патриоти во библиската земја“! А дел од Албанците велите „Како да не, ќе нè убедиш да ја сакаме Северна Македонија повеќе од матичната Албанија“.

Дел од македонските националисти често им велат на Албанците „Еве ви ја Албанија“, а во Албанија им велат „Ја имате својата држава“. Затоа, повикувам сите да бидеме како Енис Барди (Bardhi)!


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Цивил Медиа
Tags: БардиСефер Тахири
Next Post
Интервју на Фронтлајн со Бујар Османи. Фото: Ангел Ангеловски/ ЦИВИЛ

Oсмани: Честитки до Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со ЕУ, денес можеше да биде ден за славење и кај нас!

НАЈНОВО

Европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ за затворање на „Охридско лето“

August 20, 2025

Книжевна вечер со Капка Касабова во „Буква“

August 20, 2025

(ВИДЕО) „Јасен“ се уште гори, борбата со големиот шумски пожар продолжува

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk