ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да не бара изговори, да ги исполни обврските за техничка влада

December 17, 2023 15:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Она што е важно за да го продолжиме европскиот пат е завршувањето на процесот на уставните измени. Тие се дел од Преговарачката рамка со ЕУ, тоа е единствениот предуслов за државата да продолжи напред. Секое одложување е погубно за државата, значи неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство. И затоа е ова најважното прашање во овој момент за македонските граѓани и за иднината на нашата држава. Затоа што директно се однесува на перспективите на граѓаните, порачува претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Премиерот Ковачевски во интервјуто за неделниот весник Фокус посочува на досегашните придобивки за граѓаните од интеграциските политики на оваа Влада, наспроти изолациските политики на претходната.

Се виде во 10-годишниот режим, што значи да сме изолирана држава, кога, сѐ, не само што стоеше во место, туку одеше назад. А, гледате денес, каков историски раст има на минималната плата, на просечната плата, на пензиите, на странските директни инвестиции, на капиталните инвестиции. Сето тоа се должи на постигнувањата изминативе пет и пол години и интеграциите, прво со членството во НАТО, а од минатата година и со започнатите преговори ЕУ, оцени премиерот.

Претседателот на Владата ја потенцира неповторливоста на шансата што ја има земјава за конечно да ја реализира европската стратешка цел и поддршката и ваквите очекувања од стратешките партнери.

Се наоѓаме во неповторлив контекст за пробив во европските интеграции и конечно остварување и на втората наша стратешка цел, во услови кога и ние сме ѝ потребни на Унијата, а не само таа нам, заради потребата да се осигура стабилноста на европскиот континент. Се покажавме како фактор на стабилноста и безбедноста во регионот и со успешното претседавање со ОБСЕ и со членството и придонесот во НАТО. Затоа сега, партнерите од САД и од ЕУ, очекуваат од нас мудар потег во овој важен глобален контекст, вели Ковачевски.

Тој потсетува дека стигнале и директни пораки дека со кочничари на демократскиот, европски развој на Северна Македонија, нема да се соработува.

Затоа, уставни измени ќе има, затоа што тоа е интерес на граѓаните и на Република Северна Македонија. Ние секогаш играме со отворени карти и со нас граѓаните знаат на што се. Изворот на драмите што ги гледаме изминатиов период е во редовите на опозицијата, којашто во својата дезориентација не знае каде тера, се скара со сите дома, со целиот демократски свет. Северна Македонија ќе продолжи напред. Но со штетниот квазинационализам оваа партија ќе биде изолирана, на долг рок, додека не соберат сила внатре, да се реформираат, констатира премиерот Ковачевски.

Според него, партијата којашто зборува три години само за избори не треба да бара изговори и алиби за поразот, туку треба да си ги исполни обврските согласно закон.

Прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада го гледам од два-три аспекти. Прво, се работи за законско решение кое треба сите партии да го испочитуваат. Второ, партијата којашто зборува само за избори сега не треба да бара изговори, да не бара алиби од било каков тип. Трето, неодговорно е да фрлаат дамка на целиот изборен процес, односно, не треба да си бараат изговори за поразот. Нив очигледно им е јасно дека не можат да го остварат тоа што го зборуваат по телевизии, вели Ковачевски.

Но, додава тој, она што го знаат и тие, а и целата јавност искуствено, е дека техничка влада за нив не е поволна состојба, затоа што, како што вели, нивните кадри во техничките влади се покажале како исклучително лоши и неефикасни.

На парламентарните избори, како што посочува, победник ќе биде проевропската коалиција, а тој ќе биде мандатарот на таа влада и со таа проевропска Влада, во следниот мандат, Северна Македонија ќе биде земја членка на Европската Унија.

Тоа е моето ветување, желбата на мнозинството наши граѓани која преземам обврска да ја остварам, за доброто на целиот наш народ. Ние подадовме рака на сите проевропски, демократски сили, вратата е отворена, да ја оствариме заеднички целта – Северна Македонија, земја членка на ЕУ. Националистичките наративи се резервирани за оние кои немаат што друго да понудат, кои немаат ниту визија, ниту идеја, ниту програма. ВМРО-ДПМНЕ така владееја 11 години, легитимно е рaзмислувањето дека тие повторно би прибегнале кон националистички наративи. Но, сметам дека општеството нема ги прифати, веќе е видено колку се тие проѕирни и штетни, вели Ковачевски.

Во интервјуто Ковачевски зборува и за европскиот фронт кој како иницијатива бил покренат уште минатата година и чија цел е обединување околу европскиот пат на земјата.

Тоа е политички концепт кој во својата суштина е државнички концепт за иднината, визија која ја делиме. На овој концепт гледам како на потреба на земјата заради нејзината иднина. По лидерската средба и формалната покана за формирање на широк Европски фронт кон сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ е логичен след, продолжение. Во оваа насока ги повикавме сите политички субјекти, граѓански организации и здруженија, активисти, сите кои го поддржуваат европскиот пат и сите кои иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ, да придонесат и да се приклучат во Европскиот фронт, потенцира премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk