ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европскиот курс на државата ги обединува сите на „фронтото“ против проруските сили

December 20, 2023 12:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Патот на Северна Македонија кон Европската Унија мора да продолжи со брзи чекори и без пречки. Ова беше главната поента  од годишниот говор на претседателот Стево Пендаровски пред пратениците во Собранието.

Во својот годишен говор пред пратениците, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија треба да го продолжи својот пат кон ЕУ и дека нема друга алтернатива во нејзината стратешка ориентација.

– СДСМ го поздравува фактот што претседателот Пендаровски сè уште има цврст став дека земјата треба да остане на европскиот пат и во проевропската ориентација. ЕУ е нашата единствена опција. Членството во ЕУ би значело подобар стандард за сите граѓани, изјави Мартин Костовски – пратеник на СДСМ.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) високо го цени ставот на „таткото на нацијата“ во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ, како и зачувувањето и негувањето на добрите меѓуетнички односи.

– Она што треба да се истакне од говорот на Претседателот се две прашања – одржувањето на добри меѓуетнички односи и европскиот курс на државата. Впрочем, тоа се теми на кои ДУИ се залага од формирањето до денес, изјави пратеникот Арбер Адеми.

Алијансата за Албанците во претседателот Стево Пендаровски гледа сојузник во битката за независно судство.

– На некој начин можеби наоѓаме сојузник во претседателот, а особено ми е драго што тој испрати апел до пратениците дека следниот парламентарен состав се обврзува на смена на сите обвинители и судии за кои всушност постојат сомнежи дека не си ја вршат работата како што треба, што одговара и на нашата заложба, подвлече Халил Снопче – пратеник на Алијансата за Албанците.

Во своето последно обраќање како претседател во овој мандат, Стево Пендаровски освен што ги истакна моментите кои ги одбележаа изминатите пет години од неговиот избор, ги нотираше и слабите точки кои со години го мачат општеството, меѓу нив се и поделбите.

Шефот на државата, во годишното обраќање, не го заобиколи ниту прашањето кое во изминатиот период ја преокупира јавноста – борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„Со години се соочуваме со отпори од повеќе страни при секој обид за суштински реформи во делот на правосудниот систем. Причина за тоа е спрегата помеѓу делови од политичката и бизнис заедница со дел од судиите и обвинителите“ – порача Пендаровски.

– За жал, се стекнува впечаток дека САД и Европската Унија се поревносни борци против корупцијата кај нас од нашите институции. Меѓутоа, странските санкции не се доволни, не само затоа што не се проследени со домашни санкции. Имено, ние се соочуваме со многу подлабок проблем, бидејќи корупцијата, во меѓувреме, стана начин на живот за многумина или како што неодамна ја опиша еден странски амбасадор, станува збор за менталитет на луѓето кој мора да се менува, рече Пендаровски.

Дестан Јонузи

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Годишен говорЕУСтево Пендаровски

НАЈНОВО

Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025
Скриншот

Арагчи: Нуклеарната програма на Иран стана прашање на национална гордост и слава

July 1, 2025
онкологија

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ААВМУ во одбрана на Латас, ги осуди заканите на градоначалникот Костадинов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk