Сплавот „Картел“ кај Белградскиот саем синоќа околу половина час по полноќ почнал да тоне, а денеска е видлив само покривот на објектот, објави N1.
Полицијата добила дојава дека сплавот „Картел“ почнал да тоне 37 минути по полноќ, по што веднаш излегле на терен.
Утрово по потонувањето на сплавот, на реката се гледа само покривот на објектот.
Во спасувањето на гостите на сплавот учествувале 25 пожарникари-спасувачи со шест возила. Според податоците на Итната помош, евакуирани се 30 млади луѓе кои не се повредени, но морале да пливаат во ладна вода и доживеале голем стрес.
На Одделот за токсикологија при ВМА се примени десетици млади лица, а во Ургентниот центар се примени двајца 17-годишници.
Се уште не е позната причината за потонувањето на сплавот.
Потона пак сплав во Белград… 😱 pic.twitter.com/EKHoE9aZBx
— Лешник 🌰 (@leshnice) December 24, 2023
Г. Т.