ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Повторени барањата на осмиот протест во Белград

December 25, 2023 20:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград се одржува осмиот протест поради наводната изборна кражба, организиран од опозициската коалиција „Србија против насилството“.

Неколку стотици луѓе се собраа на улицата „Краља Милана“, каде што е седиштето на РИК.

Претставниците на листата „Србија против насилството“ порачаа дека доколку не се исполнат нивните барања, протестот ќе го одржат утре во 18 часот.

Меѓу насобраните има и голем број млади луѓе кои своето незадоволство од работата на РИК го изразуваат со свирежи, скандирање против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и извикување „Вучиќ, оди си“.

Коалицијата „Србија против насилството“ бара распишување нови избори, како во Белград, така и во цела Србија, а заедно со пратеничката Мариника Тепиќ, во седиштето на РИК штрајкуваат со глад уште неколку претставници на таа коалиција.

На протестот се приклучија и студентите кои до 18 часот ги блокираа клучните патишта во центарот на Белград. Студентите пред зградата на РИК најавија дека протестите ќе ги прошират во цела Србија, доколку до среда нема позитивен одговор на нивните барања. Тие побараа ослободување на колегите кои беа уапсени синоќа, а повторно повикаа да нема насилни дејствија.

Вчерашните протести беа обележани со немири кои започнаа откако демонстрантите, предводени од лидерите на СПН, формираа обрач околу Собранието на Белград и се обидоа насилно да влезат во зградата. Демонстрантите ја скршиле вратата и неколку прозорци на зградата на Собранието во Белград, фрлале стаклени шишиња, остриги и ја скршиле вратата со стапови.

Извор: МИА

Tags: Белградпротест
Next Post

Израелската војска и Хезболах разменуваат оган преку либанската граница

Shortcut

Најново

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026
Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk