ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Пиштол и кама, со „Отечественная война“ на маичката: Мини портрет на „Александар Антиќ“ кој јавно се заканува со убиство на Џабир Дерала

December 28, 2023 16:47
in PMD, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“ – гласи заканувачката порака од профилот со назив „Александар Антиќ“ во кој е наведен податокот дека е од Скопје, упатена кон Џабир Дерала, за колумната „Снајперисти со врзани очи“.

На профилот „Александар Антиќ“ се наоѓаат објави за извесен Александар Петровски, така што постои веројатност дека се работи за исто лице. Профилот „Александар Антиќ“ објавува фотографии на семеен човек, родител, кој и на профилната фотографија е со бебе во рацете. Исто така, според наведениот профил, може да се заклучи дека е член или симпаризер на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, лицето што се крие зад овој профил, е мразач, кој одвреме-навреме добива желба да „свирне некому куршум“.

Профилот „Александар Антиќ“ долго време е опседнат со ЦИВИЛ-ите. На 21 ноември 2021 објави видео од Петрит Сарачини, поранешен член на Извршната канцеларија на организацијата, при што напишал коментар: „Тешко и болно ќе биде одстранувањето на хемороидите од Civil MK од анусот на заеф. Затоа да ги поддржиме со песна“.

 

Две години подоцна, истиот лик кој тогаш пишуваше дека „ЦИВИЛ-ите ги плаши вистината“, денеска се обидува да ги заплаши со куршум!

Според податоците и објавите на Фејсбук профилот „Александар Антиќ“, покрај „семејните вредности“, ги застапува и вредностите на Путин, Вучиќ, Ќосето… и споделува пораки и објави со поддршка на анти-НАТО, анти-ЕУ, антизападна и националистичка пропаганда.

Зад профилот „Александар Антиќ“, врз основа на објавите и фотографиите, може да се претпостави дека најверојатно стои лицето Александар Петровски, особено ако се има предвид дека профилот често ја рекламира фирмата што е во негова сопственост. Според тоа, ова лице има фирма која се вика „Ролпласт Лисиче“ што се занимава со производство на ПВЦ врати и прозори.

Во „слободното време“ човекот зад профилот „Александар Антиќ“, според сите показатели, Петровски, посетува семинари и обуки финансирани од ЕУ, (а не од Путин и Русија), заедно со сопругата Александра Петровска, претседателка на здружението ЗЕОООП (Здружение за значење на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес), и наставничка во ООУ Александар Македонски во општина Аеродром.

И таа, „веројатно“ како одделенски наставник, се нашла повикана да коментира на текстови објавени на ЦИВИЛ Медиа.

Уште пред две години на еден текст на Џабир Дерала, Петровска коментира: „За писменоста имате нулаааа. Наместо фала македонски збор е благодарам. Но за Вас писменоста не е битен момент“.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ (ЦМТ) располага со уште податоци за партиската поврзаност на овој брачен пар, како и поврзаноста со еден градоначалник од истата партија, како и за низа други „граѓански“ активности. Во мреѓувреме, како што пишувавме, „Александар Антиќ“ јавно напиша дека куршумот, кај и да е, ќе го стигне Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Тимот на ЦИВИЛ изразува надеж дека госпоѓата го отворила линкот од Дигиталниот речник на македонски јазик што ѝ го достави админот на ЦИВИЛ и дека во меѓувреме ги описменува учениците како што треба.

ЦМТ / Цивил Медиа

Next Post

Ковачевски: Државата не смее уште еднаш да ја повтори грешката од 2008 година

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk