ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Сите девет државни студентски домови ќе бидат реновирани, за почеток „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје

December 29, 2023 16:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати и присуствуваше на  потпишувањето на договорот за реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, во Скопје.

Договорот го потпиша Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и економскиот оператор кој ќе ги изведува градежните активности.  Реконструкцијата е рамки на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија кој се реализира со средства од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Премиерот Ковачевски истакна дека проектот предвидува целосна реконструкција на сите 9 државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

„Со овие капитални инвестиции, на дело покажуваме дека позитивните промени се возможни и решаваме децениски горливи прашања, затоа што имаме соработници и поддршка од држави во Европската Унија за реализација на конкретни проекти за студентите. Оваа Влада континуирано работи на подигнување на студентскиот стандард, затоа што знаеме дека студентите се иднината и  движечката сила на нашата држава. Стипендиите за студентите од 2021 година,  се изедначени на ниво од  6.050 денари месечно, што значи пораст во однос на тоа што претходно се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари. Вкупниот годишен буџет за оваа намена – доделување на студентски стипендии се зголеми за 65%. Ако претходно на годишно ниво се исплаќаа 117 милиони денари, во 2021 се исплатија 179 милиони денари и овој тренд продолжи и во 2022 и 2023 година. Воведовме нови категории на студентски стипендии во 2022 година и истата изнесува и до 18.000 денари месечно,  за оние кои се запишани на додипломски студии од областа на земјоделските, шумарските и ветеринарните науки на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјата. За првпат воведовме субвенциониран оброк за студентите. Согласно Законот за субвенциониран студентски оброк доделуваме финансиски средства на сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на нашата земја, тоа се 30.000 студенти кои добиваат  вкупен месечен износ од околу 3.000 денари”, истакна Ковачевски во своето обраќање.

Министерот за образование и наука Шакири, истакна дека сите досегашни процедури за реализација на Проектот ги водевме согласно правилата на Германската развојна банка.

„Согласно утврдената динамика, реконструкцијата на студентските домови ќе се одвива во три фази. Во првата фаза, почнуваме со студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, а нивната реконструкција е предвидено да трае 18 месеци и за оваа фаза денеска потпишуваме договор со економски оператор кој достави најповолна понуда.  При тоа, предвидена е промена на водоводната инсталација во домовите и отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни LED светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија. Она што посебно сакам да го нагласам, е опремувањето на соби за студенти со посебни потреби. Би сакал да изразам искрена благодарност до сите кои придонесоа овој значаен проект да дојде до фаза на реализација“, рече Шаќири.

Заменик амбасадорот на Германија Ото Граф, истакна дека Германија силно ја поддржува Северна Македонија во нејзините напори за декарбонизација.

„Енергетската ефикасност е клучен елемент на климатската агенда. Затоа KfW и WBIF обезбедуваат средства за рехабилитација на студентските домови во државна сопственост. Овој процес на рехабилитација, исто така, ќе обезбеди вредни увиди како да се направат постојните јавни згради енергетски поефикасни“, рече Граф.

Вршителот на работи амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин истакна дека следејќи ја Зелената агенда и Економскиот план за инвестиции, Комисијата ги претвора климатските промени и предизвиците поврзани со животната средина во можности за сите области на политиките и ја прави транзицијата правична и инклузивна за сите.

„ЕУ продолжува со својата посветеност да го поддржува македонскиот енергетски сектор, фокусирајќи се притоа на енергетската ефикасност како инструмент со кој ќе се забрза декарбонизацијата. Со средства обезбедени од Инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан, германската влада и KfW, како Тим Европа, ние работиме на тоа да им обезбедиме на студентите подобри услови за живот и да го подобриме нивниот квалитет на живот”, изјави Худолин.
Next Post

УНРВА: Годинава беше најсмртоносна за Палестинците на Западниот Брег од 2005

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk