СДСМ е партнер на земјоделците и обезбедува повеќе за сите земјоделци, велат од Бихаќка.
За прв пат е реализирана авансна исплата на субвенциите.
На сметките на над 54.000 земјоделци се исплатени 30 отсто од основните субвенции, во висина од над 750 милиони денари.
Авансната исплата на субвенциите е нова можност за земјоделците, која доаѓа од новиот модел за субвенционирање, подготвен заедно со земјоделците, со којшто се гарантира навремена исплата на субвенциите.
СДСМ заедно со земјоделците продолжува со креирање мерки и политики за поголема поддршка и поттикнување на домашното производство.
Со СДСМ земјоделците добиваат повеќе, со СДСМ има повеќе за сите, стои во партиското соопштение.