ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Данската кралица ненадејно во својот новогодишен говор објави дека го напушта престолот

January 1, 2024 10:32
in ДЕНЕС, СВЕТ
Photo: AP

Photo: AP

Share on FacebookShare on Twitter

Данската кралица Маргарет Втора неочекувано објави дека ќе абдицира во нејзиниот традиционален новогодишен говор на телевизија.

Таа формално ќе абдицира на 14 јануари, по 52 години на тронот. Неа ќе ја наследи нејзиниот најстар син, престолонаследникот Фредерик.

– Ќе му го оставам тронот на мојот син, престолонаследникот Фредерик, рече таа.

Маргарет Втора (83) го наследи нејзиниот татко – кралот Фредерик Деветти по неговата смрт на 14 јануари 1972 година. Таа моментално е единствената кралица во светот, а во јули стана монарх со најдолго владеење во историјата на Данска.

Рекордот претходно го држеше Кристијан Четврти, кој, иако технички владееше 60 години, всушност владееше само 51 година и шест месеци, бидејќи беше дете во раниот дел од неговото владеење.

За разлика од британската кралска традиција, нема да има официјална церемонија на крунисување на престолонаследникот Фредерик, кој има 55 години. Маргарет Втора е многу популарна во Данска, а многу Данци очекуваа таа да остане на тронот до нејзината смрт.

Во Данска, формалната власт ја имаат парламентот и владата. Од монархот се очекува да биде над партиската политика и да ја претставува нацијата со традиционални должности како што се државни посети и прослави на националните празници.

Tags: абдицираДанска кралицановогодишен говор
Next Post

УСБ-Ц станува универзален приклучок за полнење за сите електронски уреди во ЕУ

Најново

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026
Фото: Министерство за култура

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk