ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Цинично потпомагање на саморазорувањето

January 3, 2024 11:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ми префрлаат дека во своите текстови сум ја користел паметта на светските умови.

Признавам.

И светските умови ја користат паметта на своите колеги.

Само вмороните и останатите говњари мислат дека од литература треба да ги читаат партиските соопштенија, а во сферата на умноста да навлегуваат слушајќи го Жмицко.

Луда работа.

Но, бидејќи мене никако да ме заболи курот за забелешките на глупаците, еве, во соработка со господинот Слотердијк, го подготвив овој материјал, кој, со сиот напор што ќе го бара од љубопитните, вреди да се прочита и анализира:

Врзете се, полетуваме!

Сите прашања на општествениот и личниот идентитет мораат да се разгледуваат од аспект на тоа како постоењето и бивствувањето кај себе и своите, може да се вклопи во историски покренатите велесветови.

Актуелната нервоза предизвикана со глобализацијата го отсликува фактот дека заедно со националната држава- најголемиот можен политички сон- тој безмалку дневен престој и конференциска просторија на демократските (или измислените) народи- се става на располагање и дека точно во тој национален дневен престој, повремено и многу непријано почнува да шиба провев.

Ако се вратиме назад појасно ќе видиме дека извонредното достигнување на модерната национална држава било на мнозинството на своето население да му приготви некој вид на домашни услови, имагинарна и реална имуноструктура која можела да се доживее како конвергенција на местото и на сопството или како регионален идентитет (во позитивна смисла на зборот). Тоа достигнување беше највпечатливо таму кај што државата на благосостојбата успеваше максимално да ја заузда државната моќ.

Глобализацијата го разорува тој политичко-културен концепт на куќата и домаќинството- многу граѓани на модерните национални држави наоѓајки се дома веќе не чувствуваат дека се кај себе самите, а наоѓајќи се кај себе самите, веќе не чувствуваат дека се дома.

Така е во целиот свет, во Македонија посебно.

Имунолошката конструкција на политичко- етничкиот идентитет е ставена во движење и станува јасно дека врската меѓу местото и сопството не е во сите околности така стабилна како што се тоа барало прикажувало во политичките фолклори на територијализмот.

Ако испреплетеноста на местото и сопството ослаби или исчезне можат да се појават две екстремни позиции: сопство без место и место без сопство. И секоја реална политичка заедница ќе мора да даде одговор на двократниот императив: сопство- детерминацијата и место- детерминацијата.

Најголемата илузија која и се наметнувала на седечките народи, е таа дека самата земја ја разбираат како контејнер на народот, а сопственото тло го сфаќале како априори на својата животна смисла или на својот идентитет. Таа територијална заблуда и ден денеска е една од најзначајните и најпроблематичните реликвии од седентарната епоха затоа што со неа е поврзан основниот рефлекс на секоја, на прв поглед легитимна политичка примена на силата, која се поврзува со таканаречената „одбрана на државата”.

Таа илузија почива на опсесивното изедначување на местото и сопството- на аксиоматаката логистичка грешка на територијализираниот разум.

Таа грешка се повеќе се расклатува откако моќниот бран на транснационалната мобилност се погрижи за тоа народите и териториите на многу места да ги релативизираат своите врски.

За напредната модерна карактеристичен е трендот кон мултилокално сопство исто како и трендот кон полиетнилко или “денационално” место.

Слабеењето на традиционалните етнички контејнер имунитети не може едноставно да се преброди како губиток на формата и како декаденција, то ест како амбивалентно и цинично потпомагање на саморазорувањето.

Ние во Македонија сме први по „циничното потпомагање на саморазорувањето”.

На, одзивот на изборите паѓа секаде и сведочи дека мнозинството поединци престануваат да се врзуваат за судбината на својата политичка комуна и тоа под впечатокот на добро заснованото мислење дека поединецот од сега својот имунолошки оптимум не го наоѓа повеќе ( или го наоѓа само во исклучителни случаи) во својот национален колективитет.

Новите имунитетски техники се препорачуваат како егзистенцијални техники за општествата составени од поединци кај кои долгиот марш кон флексибилизацијата, со слабеењето на „односнот кон објектот” и генералната авторизација на нелојални и реверзибилни односи меѓу луѓето, води кон целта-кон основната линија на крајот на секоја култура што Шпенглер точно ја претскажал: кон онаа состојба во која е невозможно да се одреди дали се поединците фантастично здрави или феноменално декадентни.

Како во Нордот, не?!

Од другата страна на таа линија се губи основната ничеовска диференцијација меѓу отменоста и просташтвото.

Има ли подобар пример од Македонците?

А она што во проектот „Човек” изгледаше големо и што влеваше надеж, би исчезнало како цртеж на крајбрежниот морски песок.

За нашиот случај јас би додал: како цртеж на ману, вмро и не малку народ


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk