ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

По одлуката на Владата за разрешувањата во М-НАВ, во мирување штрајкот на Струковиот синдикат на контролори на летање

January 9, 2024 16:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) го стави во мирување штрајкот што го најави за утре со целосно затворање на воздушниот сообраќај на македонското небо, откако Владата денеска му препорача на Надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски, а на нивно место да бидат именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ.

-По одлуката на Владата го ставаме штрајкот во сирување. Ова е придвижување на работите. Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк, изјави за МИА Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

Претходно, од Владата информираа дека на денешната седница е дадена насока на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управен одбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на УО и извршен директор во СВТ. Владата воедно му препорачала на Надзорниот одбор  „М-НАВ“ за извршен директор во СВН да го именува Илир Мехмеди, а за извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ.

Смените во раководството на М-НАВ, Владата ги најави по инцидентот што се случи на 4 месецов со упад во оваа институција и напад на вработени, а претходно ССКЛ реагираше за спроведувањето на последниот оглас за вработување во М-НАВ од страна на раководството.

Во М-НАВ од денеска проверки врши Управата за финансиска полиција.

За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје, како што соопшти, отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Претходно ССКЛ побара директорите да си поднесат оставки или да бидат разрешени од Владата, која најави соопштение за денешните одлуки.

Поврзано: 

Влада: Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски да бидат разрешени во М-НАВ, да ги заменат Илир Мехмеди и Милан Кораќ

Tags: М-НАВштрајк
Next Post

Гоцевски: Нашата безбедносна политика целосно ја усогласивме со безбедносните политики на НАТО и ЕУ

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk