ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Ковачевски: Со отворањето на новата Поликлиника, жителите на Сарај за прв пат добиваат примарна здравствена заштита

January 10, 2024 13:57
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министерот за здравство, Фатмир Меџити присуствуваше и се обрати на отворањето на новата Поликлиника Сарај во Скопје.

Во продолжение го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски:

„После 50 години утрово, се консултирав со пратеникот од Сарај, со бившиот градоначалник на Карпош, бидејќи оваа општина беше порано дел од Карпош. Уште од тогаш датираат потребите на граѓаните и барањето да се направи Поликлиника во Сарај и денес на огромно задоволство на сите ја имаме една од најмодерните и најубавите поликлиники, би рекол во државата и заслужено за граѓаните кои што сега веќе нема да мора да патуваат до Ѓорче Петров, Карпош и.т.н за да добијат здравствени услуги.
Здравјето на граѓаните од ова се гледа дека  е наш врвен приоритет.

Денеска со големо задоволство го поздравувам отворањето на новата Поликлиника „Сарај“, овде во истоимената општина, со што ги исполнуваме долгогодишните очекувања и потреби на граѓаните да имаме во овој дел од Скопје модерен поликлинички центар.

За прв пат жителите на Сарај добиваат примарна здравствена грижа во нивното место за живеење. Со новата поликлиника, се олеснува пристапот до здравствените услуги кои што ќе бидат на врвно, квалитетно ниво бидејќи самите медиуми можеа да се уверат дека покрај тоа што се работи за нов објект се работи и за комплетно нова апаратура која ќе биде тука користена во сите оддели како и за кадар здравствен кој ќе работи и поискусен меѓутоа и помлад кој е вработен тука.

Инвестицијата е вредна близу 1,3 милиони евра, буџетски средства, обезбедуваме современи услови за лекување. Морам да се заблагодарам и на Општина Сарај, на градоначалникот кои успеаа да ги завршат навремено сите потребни инфраструктурни и имотно-правни активности заедно со нивните колеги. Да се заблагодарам и на граѓаните на Сарај кои отстапија дел од свој имот практично, за да може да биде комплетирано се ова. Тука е пратеникот. Семејството мислам дека се вика Салиу кое има отстапено дел од свој имот практично да може ова да се комплетира и навистина и тие заслужуваат една голема благодарност и на здравството и на пред се граѓаните кои тука ќе се лекуваат.

Веќе се вработени нови  26 нови вработувања од разни профили во оваа Поликлиника.

Она што го истакнаа раководителите овде дека ќе бидат потребни уште 26 дополнително за да може да работи со поголем интензитет и тоа ќе биде направено.

Веќе имаме процес на 1.117 нови вработени кои ќе дојдат, кои практично работеа во здравствениот систем и убеден сум дека дел од нив ќе бидат тука во оваа Поликлиника „Сарај“.

Во текот на изминатиот период навистина беа направени голем број на реновирања, пуштање во употреба во здравствениот систем во државата. Можам да истакнам голем дел од нив како што е отворањето на новата Клиника веќе во Козле, голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел кој беше правен заедно со Амбасадата на САД, потоа одделот ендокринологија, потоа Клиниката за токсикологија, како и Одделот за педијатрија во Општа Болница Гостивар, но и повеќе други здравствени установи кои беа опремени со нова опрема и со комплетно реновирани објекти.

Што се однесува до буџетот оваа година, тој во голем дел на ставките е зголемен. Го зголемивме буџетот за ретки болести на 878 милиони денари или околу 15 милиони евра со кои се обезбедуваа лекови за оние кои немаа во текот на изминатите години. Знаете дека веќе и „трикафта“ се испорачува до пациентите согласно со планот кој го прават докторите на соодветните клиники. Со тоа покажуваме дека навистина се грижиме за здравјето на граѓаните.

Посакувам успешна работа на Поликлиниката „Сарај“ и на здравствените работници кои ќе работат овде сакам да им порачам да се водат од принципите на Хипократовата заклетва-секогаш да се ставаат во служба на хуманоста во што сум сигурен дека тоа и сега го прават. Сакам да се заблагодарам на сите и да посакам успешно работење и како што се вели – Што помал број на пациенти.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КовачевскиПоликлиника СарајСкопје

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Вучиќ: Студентите се заведени од социјалните мрежи и нивните професори, не ме интересираат никакви барања, само народот ќе се слуша

May 18, 2025
Инаугурација на папата Лав XIV. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Инаугуративна миса на папата Лав Четиринаесетти во Ватикан

May 18, 2025

Нови израелски напади на Газа, убиени над 80 лица, повеќето жени и деца

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk