ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Орданоски: ДУИ е значаен сегмент во политичката реалност, но ги троши своите коалициски партнери на непријатен начин

January 10, 2024 09:42
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ја започнуваме годината со сите можни компликации коишто можевме да ги претпоставиме и веќе почнаа да се развиваат уште пред да почне оваа година. Разговараме за она што се случи во македонска навигација. Еден инцидент којшто ни во некакви најфантазмагорични сценарија не сум можел ниту да помислам дека може да се случи така како што се случи, да влезат бандити, да се занимаваат со тепање. Воедно, од институцијата којашто има 24часовна онлајн дејност“, рече аналитичарот Сашо Орданоски во емисијата „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој додаде дека целиот скандал има две димензии. Едната е правниот тек на работите, дека се работи за кривично-правен настан. Меѓутоа, тој додаде дека скандалот има и политичка димензија.

„Тоа не е еден-двајца се запиле во кафеана па решиле да се пресметаат, седнале во кола, отишле и направиле инцидент. Сепак се 8 души коишто упаднале таму“, потенцираше Орданоски.

Во однос на тоа што обезбедувањето не реагирало на упадот на овие лица, Орданоски праша што би се случило доколку на местото на Беким Незири, кој е во некаква синдикално-партиска пресметка со некакви членови, дошле терористи, односно како би се реагирало тогаш.

„ДУИ веќе најави дека не мисли дека има основи за менување на директори и за оставка и тн. Дури и во една цинична форма дека владата знае повеќе отколку судот“, заклучи Орданоски.

Тој додаде дека сите разговори што се случуваат во просториите на контролата на летање се снимаат. Не е јасно во јавноста што точно се случило во однос на пресметката, но Орданоски прочитал изјава на контролор дека додека тие контролираат и даваат инструкции на авиони се случуваат хаотични сцени.

„Ова е уште еден инцидент во низата разноразни инциденти со коишто ДУИ помалку ја забавува јавноста, а помалку јавноста со специјално внимание следи што прави ДУИ. Има во тоа едно нагласено внимание бидејќи се работи за најголемата албанска партија. Само за празничниве денови Исмет Гури, бившиот шеф на УЈП пребега и не му се знае кај му е местото бидејќи беше во сред кривична постапка. Тој сега е приклонет на струјата на Меџити, но е висок функционер на ДУИ којшто се товари за милионски проневери, пуштен дома на издржување, човекот исчезна. Ова со судството е континуирана приказна во којашто ДУИ е замешан до носот“, потенцираше Орданоски.

Тој заклучи дека ДУИ е значаен сегмент во политичката реалност, но ги троши своите коалициски партнери на непријатен начин, бидејќи секогаш кога се работи за односите на ДУИ со своите партнери, се работи за она што македонското политичко општество е најчувствително, тоа се односите меѓу Македонците и Албанците.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДУИСашо Орданоски

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk