ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Педесетина шефови на дипломатии, меѓу кои и Османи, со осуда на трансферот на севернокорејски балистички ракети на Русија

January 10, 2024 11:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
балистички ракети
Share on FacebookShare on Twitter

Со најжестоки можни квалификации ги осудуваме набавката и испораката на балистички ракети од Северна Кореја за Русија, како и нивната употреба при руските напади врз Украина извршени на 30 декември 2023 година и 2 јануари 2024 година, се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и на шефовите на дипломатиите на 48 држави, меѓу кои е и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Овие оружја ги зголемуваат страдањата на украинскиот народ, ја поддржуваат агресивната војна на Русија и го поткопуваат глобалниот режим на нивно неширење. Руската употреба на севернокорејски балистички ракети во Украина, исто така, и обезбедува значајни технички и воени сознанија на Северна Кореја. Ние сме длабоко загрижени за безбедносните импликации што оваа соработка ги има врз Европа, Корејскиот Полуостров, Индо-пацифичкиот регион и врз целиот свет, се наведува во изјавата.

Во реакцијата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се посочува дека владите на земјите потписнички на заедничката изјава заедно стојат во решително противење на трансферот на оружје меѓу Северна Кореја и Русија, при што се додава дека со доставувањето на севернокорејски балистички ракети на Руската Федерација, заедно со кое било друго оружје, флагрантно се кршат повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН и тоа резолуциите 1718 од 2006, 1874 од 2009 и 2270 од 2016 година, кои Москва и самата ги поддржа.

– Внимателно следиме што Русија и дава на Северна Кореја во замена за овој извоз на оружје. Ги повикуваме Северна Кореја и Русија да се придржуваат до соодветните резолуции на ОН и веднаш да престанат со сите активности со кои ги прекршуваат, се додава во реакцијата.

Во исто време се повикуваат сите земји членки на ОН, вклучително и сите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, да се придружат во осуда на Русија и флагрантните прекршувања на резолуциите на Светската организација од страна на Северна Кореја.

– Додека Русија лансира бранови ракети и беспилотни летала против украинскиот народ, ние ќе продолжиме да стоиме заедно во поддршка на Украина. Ние и натаму ја повикуваме Северна Кореја да одговори на бројните и оригинални понуди да се врати на дипломатијата, како единствениот пат до траен мир на Корејскиот Полуостров, се додава во реакцијата.

Потписници на заедничката изјава, покрај Османи и Борел, се и шефовите на дипломатиите на Австралија, Австрија, Албанија, Андора, Аргентина, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Гватемала, Германија, Грузија, Грција, Данска, Естонија, Израел, Ирска, Исланд, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Кипар, Летонија, Литванија, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Молдавија, Монако, Португалија, Романија, Сан Марино, Словенија, САД, Украина, Финска, Франција, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Шведска и Шпанија.

Tags: балистички ракетиРусијаСеверна Кореја
Next Post

Проверка на факти: Дали Стивен Хокинг и Џими Кимел се на листата на Епштајн?

Најново

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

Поранешна куќна помошничка поднесе тужба против Кајли Џенер за малтретирање и дискриминација

April 22, 2026

(ВИДЕО) Скандал во српското Собрание: Брнабиќ кон опозициски пратеник – „и ти си геј како и јас“

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk