ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грчката влада реши да ги легализира истополовите бракови со поддршка на опозицијата

Новата мерка што ја протурка Мицотакис не им дозволува на истополовите парови во иднина да стекнуваат деца преку сурогат мајчинство. Целосните родителски права ќе им бидат доделени на истополовите парови кои веќе имаат деца.

January 12, 2024 13:00
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН

Планот за легализирање на истополовите граѓански бракови и усвојување, поттикнати од централно-десничарската грчка влада, треба да биде одобрен од Парламентот благодарение на поддршката на левичарската опозиција, и покрај реакциите од Православната црква.

Плановите на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис да ги легализира истополовите бракови во земјата и да дозволи посвојување на ЛГБТК+ парови, синоќа  добија клучна поддршка од левичарската опозиција.

Стефанос Каселакис, отворено геј поранешен банкар што ја предводи радикалната левичарска партија Сириза, рече дека ќе им наложи на своите 38 пратеници да гласаат за предлогот, иако ја критикуваше мерката дека не оди доволно далеку за родителските права.

Каселакис, кој се ожени со својот сопруг во Њујорк во октомври 2023 година, изрази желба да има деца преку сурогат мајка – практика која неодамна беше осудувана од папата Франциско и која беше незаконска во Италија.

Новата мерка што ја протурка Мицотакис не им дозволува на истополовите парови во иднина да стекнуваат деца преку сурогат мајчинство. Целосните родителски права ќе им бидат доделени на истополовите парови кои веќе имаат деца.

Земјата во моментов ја дозволува таа постапка само во случаите на жени – немажени или мажени – кои не можат да раѓаат деца поради здравствени причини. Како и на хетеросексуалните парови, дозволено е посвојување на самохрани мажи или жени.

Претходниот нацрт-закон предложен претходно оваа недела ќе го овозможи правото на родителство преку сурогат мајки.

Во интервју за приватната ТВ Стар, политичарот рече дека и покрај неговите „несовршености“, предлогот што го откри премиерот во средата содржи „некои позитивни елементи“.

Грција веќе ги легализираше истополовите партнерства во 2015 година.

Поддршката на опозицијата ќе обезбеди законот да помине во парламентот со 300 места, и покрај тоа што десетина пратеници во централно-десничарската партија на Мицотакис, Нова демократија, се спротивставија на него. Партијата има вкупно 158 пратеници во парламентот.

Каселакис го критикуваше премиерот што одби да ги натера сите негови пратеници да го поддржат прашањето за човековите права, нарекувајќи ја неговата „политичка кукавичлук“. Мицотакис беше реизбран за својот втор мандат со убедлива победа пред само шест месеци.

Но, најгласните критики на планот пристигнаа од Православната црква во земјата, која сè уште има огромно влијание врз Грција и предупреди дека законот би можел да биде првиот чекор во демонтирањето на грчкото општество. Според црквата, дозволувањето на истополови бракови е првиот чекор кон тоа геј семејствата да ги преземат родителските права.

Но, Мицотакис возврати на критиките, велејќи дека тие ќе ги слушаат ставовите на Црквата, но на крајот „државата е таа што донесува закони“.

„Она што ќе го донесеме е еднаквост во бракот, што значи елиминација на каква било дискриминација врз основа на сексуална ориентација“, рече тој во интервју за државната телевизија ЕРТ. „Тоа не е нешто радикално различно од она што важи во другите европски земји“.

На мерката се противат и десничарските партии во парламентот.

Анкетите покажуваат дека Грците се рамномерно поделени по прашањето на истополовите бракови, но се противат на проширувањето на целосните родителски права на геј или лезбејските парови.

Целосните детали за владиниот предлог се очекува да бидат објавени во наредните денови. Штом тоа ќе се случи, ќе бидат потребни неколку недели за да дојде на одобрување во парламентот.

Извор: Нова ТВ

Tags: Грцијаистополови бракови
Next Post
фото: ЕПА

Претставникот на Израел ја обвини ЈАР за пристрасност пред Хашкиот суд: „Имаме право да се браниме“

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk