ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

О’Брајан: Западен Балкан може да биде стабилен и безбеден само преку економска и европска интеграција

January 12, 2024 09:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На државите на Западен Балкан како и на Грузија, Молдавија и Украина, им е насушно потребна европска интеграција, изјави Џејмс О’Брајан, помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

-Проблемот со овие земји е дека голем дел од нивната популација се сели во Европа и во други места, и ова значи дека им е потешко да креираат економски можности што членството може да ги донесе, изјави тој синоќа на брифинг за новинарите.

Тој ги поздрави обновените заложби на ЕУ за ангажман со овие земји и рече дека за Западен Балкан да биде стабилен и безбеден „пред сѐ потребна е економска интеграција“.

-Кон крајот на годината Советот на министри на Европската Унија им понуди на ове земји силна европска перспектива… и сме охрабрени од оваа обновена заложба на ЕУ да работи со нив, рече О’Брајан.

Според него, процесот за пристапување во ЕУ е процес за подготовка не само за интеграција во Унијата, туку и подготовка за носење политички одлуки заедно со другите земји-членки.

-Тоа во основа ќе им ги овозможи на луѓето четирите слободи: слободата на движење на ЕУ, слобода на капитал, слобода на услуги, слобода на стоки и тоа е критичен чекор што ја отвора секоја од овие земји и секое од овие општества го отвора за прекугранична соработка во рамките на Западен Балкан, но и за ангажман со единствениот европски пазар. Ова оди подалеку од она што може да го обезбеди кој било пакет помош. Тоа е фундаментална промена во начинот на кој овие земји се ангажираат со нивните соседи и со Европа, и е достапна веднаш штом секоја влада ќе преземе реформи. Така, ние ќе ги поддржуваме напорите на Европската Унија да се движи по овој реформски пат и да ги испорача тие придобивки од пристапот до единствениот пазар што е можно поскоро.

Во врска со Косово и Србија О’Брајан изјави дека позицијата на САД не е променета.

-Силно ги поддржуваме напорите за дијалог помеѓу Србија и Косово предводени од министерот Мирослав Лајчак и ЕУ, рече тој, и додаде дека многу е важно и двете земји да избегнуваат какви било провокативни акции на северот од Косово.

Коментирајќи за изборите во Србија, О’Брајан рече дека партиите кои не понудиле ништо друго освен национализам претпреле голема загуба и не го поминале прагот да бидат дел од парламентот.

Помошник државниот секретар порача дека американска цел е Босна и Херцеговина да биде поевропска за да биде стабилна и да функционира добро. Изјавата на претседателот на Република Српска Милорад Додиќ за отцепување О’Брајан ја нарече „национален циркус“ и порача дека САД сакаат да се фокусираат владејачките институции да функционираат како што се дизајнирани и политичките лидери да бидат јасно одговорни како за давање резултати така и за неуспех.

О’Брајан исто така информираше за предизвиците од војната помеѓу Русија и Украина, но и за тоа дека Хутите се закануваат со блокада на транспортот на 15 проценти од целата глобална трговија преку Црвеното Море, вклучително и храна и основни производи важни не само за Блискиот Исток, туку и низ целиот свет, за што се преземаат активности со цел да се зачуваат трговските односи кои се клучни за глобалниот просперитет.

Tags: ЕУЗападен БалканСАД
Next Post

Кристин Лагард: Реизборот на Трамп во САД е закана за Европа

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk