Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир преку својот профил на мрежата Икс, упати благодарност до македонското МНР и Државниот секретар Филип Тосевски за поддршката на македонската делагација за Формулата за мир на 4-от состанок на советници за национална безбедност и надворешна политика, одржан на 14 јануари во Давос.
Искрено Ви благодарам за поддршката на Формулата за мир и учеството на делегацијата на Северна Македонија, предводена од Државниот секретар на македонското МНР, Филип Тосевски, на 4-от состанок на советници за национална безбедност и надворешна политика, на 14 јануари во Давос, напиша Дир на социјалната мрежа Икс.
Искрено Ви благодарам за поддршката на Формулата за мир и учеството на делегацијата на 🇲🇰, предводена од Државниот секретар на @MFA_MKD, Филип Тосевски, на 4-от состанок на советници за национална безбедност и надворешна политика, на 14 јануари во Давос
📎 https://t.co/m3uvaNEtzk pic.twitter.com/c6MCvOSOd1— Larysa Dir (@dir_larysa) January 15, 2024
Драган Мишев / Цивил Медиа