„Даночна тајна“ е во Законот за даночна постапка уште од 2006 година. И многупати недисциплираните, злосторничките здруженија и бизнис функционирањето меѓу компаниите не можеме да го објавиме поради обврската по овој закон. Листата на должници исто така е предвидена во законот за даночна постапка, дека можеме да ги објавуваме износите кои што ги должат должниците и нивните имиња. Транспарентноста според оваа „даночна тајна“ е ограничена,“ рече директорката на Управата за јавни работи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во Топ Тема на ТВ Телма.
Таа информираше дека за случаите со трите компании не станува збор за големи компании туку за мали и средни. Додека добавувачите се големи и средни компании.
„Паралелно на оваа листа на должници од коморите имаше барање за бела листа на плаќачи, и би било навистина одлично да ги видиме и најдисциплираните, оние кои најмногу допринесуваат на приходната страна на буџетот, рече Лукаревска.
Лукаревска истакна дека без лиценца, складишен простор за чување на нафта и без бензиска пумпа три компании се обиделе да го изиграат даночниот систем.
„Ние детектиравме еден од овие три случаеви, и од таму почнува да се шири цела оваа мрежа и шема која истовремено сме ја исконтролирале со тоа што од една страна ги имаме даночните обврзници , а од друга страна добавувачите и навремено сме ги известиле истражните органи за да продолжат да постапуваат во својот домен. Значи МВР, Јавно обвинителство и финансовата полиција,“ рече Лукаревска.
Таа појасни дека станува збор за три компании.
„Првиот и третиот случај имаат соодветна поврзаност преку соодветен ист сопственик, односно имаат ист основач. Првиот и третиот случај имаат ист сметководител кој што работел исклучиво само за овие два даночни обврзника. Кај втората компанија е интересно што нејзината дејност се менува по извесен период, а со промена на дејноста е недостапна за првиот и третиот случај за да ја внесат во таа шема. Нема нити лиценца, ниту складишен простор за чување на нафта, ги нема основните потреби кои што треба да ги има една нафтена компанија за да се занимава со оваа дејност,“ рече Лукаревска.
Таа посочи дека и при увидот не е констатирано и дека постои бензиска пумпа воопшто. Како и дека тоа значи дека не само што го изиграле делот на даночно работење туку ги изиграле сите правила и закони кои што треба да ги исполнуваат сите нафтени компании за да ја вршат оваа дејност.
Д. Е.
Поврзано: