ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„ПОЛИГРАФ“: Kој испраќа лажни СМС пораки во име на поштата со кои се врши финансиска измама на граѓаните?

January 15, 2024 15:37
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на 2024 година, неколку медиуми известија за измамнички СМС пораки, во кои лажна страница на Пошта на Северна Македонија бара од примачот да плати царинска такса за пристигнат пакет.

На 5 јануари 2024, АД „Пошта на Северна Македонија“  јавно предупреди за „Лажни информации и злоупотреба на името на Пошта на Северна Македонија“ укажувајќи дека „граѓаните добиваат пораки на телефон со невистинита содржина“.

И на 8 и 9 јануари 2024 година, повеќе медиуми известија за измамата преку лажни СМС пораки, како и дека стотици граѓани биле цел на оваа интернет измама. Некои граѓани станале жртви откако дале банкарски податоци на лажната страница, по што од нивните сметки биле вршени исплати по неколку стотици евра.

И МВР преку медиумите информираше дека презема мерки за расчистување на случајот, апелирајќи до граѓаните да не наседнуваат на вакви измами и никако да не ги испраќаат своите лични податоци преку интернет.

Ова не е првпат Поштата да предупредува за злоупотреба на нејзиното име во СМС пораки, што се гледа и од објавата на 27 ноември 2023 година, за која извести и ТВ Алсат.

До подготовката на оваа емисија, лажната страница на „Пошта на Северна Македонија“ со адреса mkposta.com беше се уште активна. За да не наседнуваат на вакви измами, граѓаните треба да ги следат информациите на официјалната веб-страница  www.posta.com.mk, а не на други страници. Исто така, потребно е да знаат дека единствено и официјално известување за достава на пратки вршат пошторазнесувачите, како што стои на сајтот на АД Пошта.

Ваквите лажни пораки ги оценуваме како дезинформации, затоа што ја уриваат довербата во јавниот поштенски оператор. Граѓаните треба да бидат многу внимателни со вакви лажни СМС пораки и веб-страници, за да не претрпат големи финансиски штети.

Преземено: СМК

Next Post

Амбасадорката Дир со благодарност до македонската делегација за поддршката на Формулата за мир во Давос

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk