Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на целата држава вчера се санкционирани 377 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив, како што информира МВР, 21 возач се движел со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 185 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 192 надвор од населено место.
Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.