Нападите на САД и Велика Британија во Јемен, извршени со поддршка на Холандија, Австралија, Канада и Бахреин, дојдоа како одговор на 26 напади на милицијата Хути, поддржана од Иран, врз бродови кои минуваат низ Црвеното Море – загрозувајќи ја главната трговска рута што ги поврзува Азија до Европа и САД. Хутите велат дека нападите ќе престанат само кога „израелската војна против луѓето во Газа ќе престане“.
Нападите ги погодија радарските системи, местата за складирање и лансирање дронови. Според портпаролот на Хутите, пет нејзини членови се убиени. Операцијата има за цел повторно да воспостави одвраќање и да понуди одредена заштита на комерцијалниот превоз, наместо да ги избрише силите на Хутите од картата.
Но, американските официјални лица, цитирани од Њујорк Тајмс, сметаат дека Хутите задржале околу три четвртини од нивната способност да пукаат врз бродовите.
„Речиси е невозможно целосно да се искорени таквите способности со неколку рунди воздушни напади“, рече Џејсон. „Ова се мобилни објекти во голема земја – ќе ви треба неверојатно добро разузнавање, фантастична прецизност и многу среќа“.
Како што пренесува Гардијан, тоа може да значи повеќе напади во наредните денови.
„Ако не дејствувате против Хутите во Црвеното Море, ќе видите повеќе напади“, рече вчера Дејвид Камерон.
„Хутите се многу поупатени, поподготвени и поопремени отколку што сфаќаат многу западни коментатори“, рече Фареа ал Муслими, од програмата Чатам Хаус за Блискиот Исток . „Нивната непромисленост и подготвеност да ескалираат пред предизвикот секогаш се потценети“.
Како поткрепа на овие тврдења, јеменското движење Хути денес објави дека ќе ги прошири своите цели за да вклучи американски бродови, според официјален претставник од проиранската група, кој додаде дека САД се „на работ да ја загубат својата поморска безбедност“ откако предходно бродот-контејнер Гибралтар Игл беше погоден од „неидентификуван проектил“ додека пловел 100 милји од Аденскиот Залив и претрпел ограничена штета на товарното складиште, соопшти американскиот оператор на бродот, Игл булк шипинг, пренесува Гардијан.
Противбродска балистичка ракета истрелана од милитантите Хути поддржани од Иран погоди контејнерски брод под знамето на Маршалските Острови, во сопственост и управуван од САД, потврди американската војска. Бродот нема пријавено повредени или значителна штета и го продолжува своето патување.
Премиерот на Обединетото Кралство Риши Сунак го отфрли, како што го нарече, „малигниот наратив“ тврдејќи дека воздушните напади врз Хутите биле дел од војната меѓу Израел и Газа.
Како што пренесува Би – Би – Си, американската војска соопшти дека соборила проектил истрелан кон еден од нејзините воени бродови од областа Хути во Јемен
Противбродската крстосувачка ракета – истрелана кон USS Laboon во Црвеното Море – беше соборена во близина на брегот на Худајда од американски борбен авион.
Во инцидентот во неделата попладне нема информации за повредени или материјална штета.
Тоа доаѓа откако САД и Обединетото Кралство започнаа напади со цел да ја намалат воената способност на Хутите, кои ги напаѓаат товарните бродови на Црвеното Море.
САД и Велика Британија во петокот погодија речиси 30 локации во Јемен, вклучувајќи магацини за оружје, логистички центри и системи за противвоздушна одбрана. САД во саботата продолжија со уште еден напад врз радарска локација на Хутите.
Претседателот Џо Бајден потенцираше дека „нема да се двоуми да насочи дополнителни мерки за заштита на нашиот народ и слободниот проток на меѓународната трговија доколку е потребно“.
Слично на тоа, Велика Британија вели дека е подготвена да започне понатамошна акција против Хутите.
Британската влада „не би се двоумела да ја заштити“ безбедноста на Обединетото Кралство во услови на тековни тензии со бунтовниците Хути, изјави Риши Сунак, пренесува Скај њуз.
Истакнатиот поддржувач на Хутите, Хусаин Ал-Бухаити, изјави за Би-Би-Си во неделата дека борците ќе ги таргетираат американските и британските воени бродови доколку продолжат нападите врз Јемен.
Хутите се политичка и воена група која контролира голем дел од Јемен, вклучувајќи го и главниот град. Тие се клучни сојузници на Хамас и се смета дека добиваат оружје од Иран, главниот непријател на Израел.
Од 19 ноември, тие извршија најмалку 27 напади на товарни бродови во Црвеното Море, главна рута за глобалната поморска трговија.
Групата соопшти дека цели кон бродови кои се упатуваат кон, или во сопственост на, Израел, како чин на солидарност со луѓето од Газа. Сепак, некои од бродовите што ги погодија, како последната нивна цел, бродот-контејнер кои плови под знамето на Маршалските острови, немаат јасна врска со Израел.
Нападите доведоа до тоа големите бродски компании да ги пренасочат бродовите подалеку од Црвеното Море, наместо да одат по подолг пат околу јужна Африка.
Ова веќе имаше влијание врз глобалната економија – со бродскиот гигант Maersk за Би-Би-Си изјави дека се чувствува „до крајниот потрошувач“.
Tesla и Volvo Cars суспендираа дел од производството на автомобили, британскиот гигант за намирници Теско предупреди дека некои цени може да се зголемат, а Икеа рече дека испораките може да бидат засегнати.
Нападите на Хутите „предизвикуваа големо нарушување на виталниот трговски пат и ги зголемија цените на стоките“, рече британскиот премиер Риши Сунак.
Нападите на групата, заедно со нападите на Обединетото Кралство и САД во Јемен, ги зголемија стравувањата дека војната во Газа веќе се шири пошироко кон Блиски Исток.
Драган Мишев / Цивил Медиа