ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проширени листите на ЕУ на санкционирани лица поврзани со терористички активности

January 16, 2024 15:07
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: Attia Muhammed/Flash90
Хамас

Фото: Attia Muhammed/Flash90 Хамас

Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ денеска одлучи да додаде уште по еден поединец на своите листи за санкции на лица поврзани со терористичките активности на Хамас и на Исламската држава и Ал Каеда.

На листата на санкционирани како одговор на заканата од Хамас и неговите брутални и неселективни терористички напади врз Израел на 7 октомври 2023 година, денеска е додаден политичкиот лидер на ова движење Јахија Синуар.

На листата, пак, на санкционирани поради поврзаност со организацијата Исламска држава или терористичката мрежа Ал Каеда е додаден Ахмед Калед Милер, член на сомалиското движење Ал Шабаб. Милер е предмет на санкции поради неговото учество во борбени операции и терористички активности во име на Ал Шабаб, движење поврзано со Ал Каеда, кое дејствува во регионот на Рогот на Африка и е одговорно за бројни терористички напад во Кенија, Сомалија и околните земји.

Со одлуката, од оваа листа е избришано и едно починато лице, со што на неа остануваат вкупно 15 поединци и пет групи.

Согласно двете одлуки, на санкционираните им се забранува влез на територијата на ЕУ и им се замрзнува сиот имот и финансиски средства во земјите членки, додека на субјекти со седиште во Унијата им се забранува да ми ставаат на располагање средства и други економски ресурси.

Терористичката листа на ЕУ за режим на санкции поврзани со Хамас е различна од онаа која се однесува на лица и ентитетите кои имаат врски или ги поддржуваат Исламската држава и Ал Каеда.

Со денешните одлука ЕУ ја потврдува решеноста да се спротивставува на континуираната терористичка закана што ја претставуваат Хамас, Ал Каеда, Исламската држава и нивните регионални филијали.

– ЕУ останува посветена на преземање решителна акција против оние кои продолжуваат да го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност преку планирање, финансирање и извршување терористички напади и со ширење на нивната смртоносна терористичка пропаганда низ светот, се додава во соопштението на Европскиот совет.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУсанкцииХамас
Next Post

Блинкен му вети на Зеленски одржлива американска поддршка за Украина

НАЈНОВО

Филипче до Максим Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

October 8, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Мелони со закон против бурки и никаби на јавни места во Италија

October 8, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk