ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Османи: Наместо да се концентрираме на давање лажна надеж за пролонгирање на рокот за документи, да се фокусираме на нивното вадење

January 17, 2024 12:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е исконтактирано со грчката страна околу важноста на личните документи кои треба да се заменат до 12 февруари но, апелира наместо иницијативи за одложување за користење на политички поени, фокусот да се стави на вадењето документи.

– Договорот од Преспа е меѓународен договор. Мислам дека наместо да се концентрираме на давање на лажна надеж на граѓаните дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор и ќе го смениме Законот за спроведување на уставните амандмани, да работиме граѓаните да немаат пречки после 13 февруари, да се забрза издавањето пасоши, да почнат налепниците да се лепат на регистарските таблички. Мислам дека ова е поздраво да им се каже на граѓаните дека ова е обврска што се провлекува пет години и да се обидеме до 13 февруари максимално да ги средиме документите на граѓаните. Така што, сметам дека овој пристап е поздрав отколку сега добивање политички поени за нешто што нема да можеме да го направиме, ниту оваа претставка до Уставен суд нема да може да го смени Преспанскиот договор, ниту кои било измени на законите, рече Османи.

Соопшти дека имал средба со грчката амбасадорка и меѓуинституционална координација со министерствата за внатрешни работи и за транспорт за да се разгледаат сите предизвици што може да се јават по 12 февруари со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните.

– Се договоривме да бидеме во секојдневна комуникација со грчката страна за да граѓаните не се соочат со проблеми после 13 февруари во однос на транспортерите, во однос на сообраќајните дозволи, во однос на пасошите. За личните карти МВР информираше дека законот заглавил во Собранието. Тие рокови не се пресликани во Законот за лични карти и затоа личните карти може за се користат за домашна употреба, меѓутоа за патните исправи и за останатите документи и во Уставниот закон и во останатите законски решенија, рокот е пет години од стапување во сила, а тоа е 13 февруари, појасни Османи.

Додаде дека МНР ќе стори се што е во негова моќ за да нема нетретирани предизвици после 13 февруари.

– Како министер за надворешни работи лично смета дека е пофер да им се каже на граѓаните дека имаме обврска. Ајде да се организираме да помине без многу потешкотии, отколку сега заради некаква политичка придобивка во предизборие да им се дава лажна надеж на граѓаните дека ќе се одложи рокот. Гледаме дека гужвите се намалуваат во одредени делови. Да ги ставиме сите институционални сили на располагање за да им олесниме на граѓаните да немаат никакви проблеми при патување по 13 февруари, нагласи Османи.

Посочи дека има целосно разбирање од грчката страна за техничките аспекти во процесот и дека се разговара за сите детали, од тоа колку часови луѓето чекаат и зошто е тоа така, меѓутоа, како што додаде, обврските од меѓународниот договор остануваат. Грчката страна, рече Османи, треба да ја информира ЕУ дека стапува во сила рокот и после тоа сите држави коишто ќе ја примат таа информација, ќе почнат да ја почитуваат.

– Затоа дајте во овој период наместо иницијативи за одложување, да имаме иницијативи за промена на документите, на 12-ти тоа што ќе остане нерешено, да најдеме начин како да им олесниме на граѓаните. Се обидувам да бидам брутално искрен, меѓутоа покоректно е да сум сега искрен отколку после тоа граѓаните да останат на граничните премини и на некој начин ние да сме причина за тоа, рече Османи.

Next Post

Апатоси и неутрони

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk