ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деканката на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана: Ги почнавме курсевите по македонски јазик и литература

January 19, 2024 19:04
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Деканката на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, проф. д-р Есмералда Кромида гостувајќи на албанската телевизија А2, зборуваше за воннаставните модули на македонски јазик на факултетот.

-Ги инаугуриравме воннаставните курсеви по македонски јазик и литература, со што им даваме можност на студентите, покрај двата или трите странски јазици што ги изучуваат во нивните наставни програми, да изучуваат и други јазици кои им се важни и кои се потребни, според нивната студиска програма. Започнуваме курсеви по македонски за студенти кои сакаат да учат македонски јазик, давајќи им значење и на јазиците од регионот, рече таа.

Кромида објасни дека студентите можат да го изучуваат македонскиот како трет или четврт јазик, додавајќи дека „изучување на еден странски јазик денес е придобивка да се гледа светот многу поблиску“.

-Затоа, многу е важно студентот што повеќе да се отвори кон другите јазици и култури. Со тоа ќе има друга визија за светот, друг професионален развој, и граѓански развој. Учењето англиски и други повеќе зборувани, но и помалку зборувани јазици за него е дополнителна вредност во неговиот иден избор во професијата, во студиите, на семинари, средби, на патувањата што ги прави за да го запознае светот, оценува Кромида.

Додаде дека на Факултетот се изучуваат неколку јазици, така што покрај главните јазици за кои сме навикнати да зборуваме и се структурирани по катедрите, како англиски, германски, француски, италијански, шпански, грчки, балканските словенски јазици, турски, руски, во наставните програми нудат и македонски, полски и хрватски јазик.

Според неа, албанската држава како земја која сака биде интегрирана во Европската Унија има одредени обврски во еднаквоста на јазичните политики за почитување на повеќејазичноста, почитување на „наставата на главните странски јазици што се зборуваат, но денес зборуваме и за почитување и на повеќејазичноста и за учење на помалку зборуваните странски јазици, односно јазиците на малцинствата“.

Вчера во Универзитетот во Тирана свечено беше означено отворањето на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура.

Од Амбасадата на Република Северна Македонија, за МИА изјавија дека македонскиот јазик ќе почне да се изучува од 5 февруари и оти до сега се пријавени 20 студенти. Бројот се очекува да биде поголем, бидејќи пријавувањето се уште трае.

Tags: македонски јазикуниверзитет Тирана
Next Post
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Рингишпилот во нашиот уникатен политички Луна парк

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk