Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски вечерва, на неформална средба пред утрешниот лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан ги пречекаа српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, премиерот на Косово Албин Курти, Герт Јан Копман, генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија и Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот.
„Во пресрет на утрешниот Лидерски состанок во Скопје, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија, вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ, објави премиерот Ковачевски на Фејсбук.
Ковачевски додаде дека местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност.
За неформалната средба на својот Фејсбук профил објави и претседателот Стево Пендаровски, кој напиша:
Неформална средба пред лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија, со премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, премиерот на Косово Албин Курти, Герт Јан Копман, генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија и Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот.
Драган Мишев
Извор: ЦИВИЛ Медиа