ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Затворени базени во Прилеп и Велес, Агенцијата за млади и спорт бара од градоначалниците да се одобрат локации

January 23, 2024 00:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СПОРТ

Агенцијата за млади и спорт бара од Општина Прилеп и од Општина Велес да се обезбедат локации за затворени базени.

Директорот на Агенцијата достави барање до општина Велес да одреди локации за изградба на затворен базен, објави на фејсбук пратеникот од Велес Ненад Коциќ.

Пратеникот Миле Талевски од Прилеп објави дека се обезбедени средства за изградба на затворен базен во Прилеп.

„Обезбедивме средства за изградба на покриен базен во Прилеп. Докажуваме дека секогаш си стоиме на дадениот збор. Градиме покриен базен за потребите на учениците, спортистите, младите луѓе и за граѓаните на општина Прилеп воопшто.. Еве му прилика на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески да се разбуди од зимскиот сон и да се приклучи кон реализацијата на овој капитален спортски објект. Еве му шанса на Јовчески наспроти теснопартискиот интерес и досегашното кочење на централните инвестиции во градот, да избере здрава и спортски ориентирана младина“, наведува Талевски во објавата

Од Агенцијата за Млади и спорт за Фронтлајн ја потврдија информацијата и доставија допис.

„Агенцијата за млади и спорт го реализира Проектот „Изградба на 14 пливачки базени во РСМ”, каде општина Прилеп е предвидена како дел од истиот.
Согласно планот за развој на спортот и изградбата на спортска инфраструктура во Република Северна Македонија, изработен е Основен проект за изградба на типски затворен пливачки базен со можност за изградба на различни локации на рамен терен. Изградбата на базенот треба да овозможи услови за одржување на настава по пливање, обука на непливачи, тренинг, рекреација и натпревар преку целата година за учениците, спортистите, младите луѓе и граѓаните од општината и пошироко. Објектот е наменет за спортови на вода, првенствено за обука на непливачи, односно обука на ученици од помала возраст, но истовремено овозможува и тренинг на деца и спортисти со понапредни способности во пливањето. Објектот исто така овозможува минимум услови за рекреација на локалното население од сите старосни групи во термини посебно определени за таа намена.

Допис од Агенцијата за млади и спорт

Како што се наведува во дописот, објектот треба да се постави во склоп на постоечки спортски комплекс, училишен двор или други објекти согласно локациските услови.

„Просторот наменет за овој објект треба да е на слободна локација без градби со планирана рамна конфигурација на теренот, кон кој секојдневно гравитира голем дел од населението од општината. Важен елемент за избор на локацијата е и добриот сообраќаен пристап до објектот и поврзаноста со околните објекти. Сообраќајното решение треба да овозможува лесна комуникација и пристап на интервентни возила. При проектирањето се користени сите стандарди и нормативи за проектирање на ваков вид на објекти. Централната просторија на објектот располага со базенско корито димензионирано за обука на непливачи и тренинг и рекреација на пливачи со димензии од 25 м должина и ширина од минимум 8,80м. Минималната длабочина на базенот е 0,8 м, а максималната 1,4 м. Висината на објектот е оптимално димензионирана со цел да се овозможи најекономично користење. При проектирањето се применети препораките, стандардите и нормативите на светската пливачка Федерација FINA“, се наведува во дописот од Агенцијата за млади и спорт.

Затворен базен во Струга

Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски на 27 деркември минатата година го пуштија во употреба целосно реконструираниот затворен пливачки базен во Струга, проект спроведен со буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт во износ од 1,6 милиони евра.

Ковачевски во обраќањето пред присутните изрази задоволство што по цели 20 години повторно на стружани им стои на располагање затворениот пливачки базен, како што рече, споменот на многу генерации.

Тој изрази уверување дека објектот повторно ќе биде гордост на Струга и гордост на сите спортисти и вљубеници во пливањето.

Ј. Ѓорѓиоски

Tags: Агенција за млади и спортВелесзатворен базенПрилеп
Next Post
Финска. Фото: Тина Иванова

Како се негуваат културата и вредностите во Финска - најсреќната земја во светот?

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk