Германскиот тенисер Александар Зверев е последниот полуфиналист на Австралија Опен. Зверев го победи вториот светски рекет Карлос Алкараз со 3-1.
Дуелот траеше повеќе од три часа, а резултатот во сетови беше 6:1, 6:3, 6:7 (2), 6:4 за шестиот играч на АТП листата.
Зверев за место во финалето ќе се бори против Данило Медведев, кој претходно го елиминираше Хуберт Хуркач со 3-2. Досега Зверев и Медведев играа многу често – Русинот победи 11, а Германецот 7 пати.