ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Први вести од собраниското ТВ студио

January 25, 2024 10:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Со утринските вести во 10 часот и 30 минути, денеска официјално почнува продукцијата на нови програмски содржини на Собранискиот канал.

Покрај директните преноси на пленарните седници и снимките од седниците на работните тела, како што информираат од собраниската прес-служба, ќе може да се следат и програмски содржини со кои ќе се постигне нов стандард во парламентарната транспарентност, со што собраниските активности најнепосредно се доближуваат до граѓаните.

-Ќе има можност да се следат емисијата од информативен карактер за дневните собраниски активности „Вести“ што ќе се емитува три пати дневно во текот работната недела и тоа во 10:30 часот, 14 и 30 и 18 часот и 30 минути. Гостин во првите вести на Собранискиот канал, денеска во информативното издание во 14 часот и 30 минути е Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Во емисијата „Законодавен брифинг“ ќе бидат презентирани предложените и донесените закони, со цел јавноста да биде целосно и изворно информирана за целите на предложените и донесените закони. Емисијата „Собраниска ризница“ ќе ги претстави просторните содржини во Собранието, нивниот историјат и значење.

„Интервју“ ќе опфати интервјуа со раководството во Собранието и државата; со поранешни претседатели на Собранието; со претставници на организации кои учествуваат во законодавниот процес и слично.

Како што информираат од собраниската прес-служба, ќе се емитуваат и настани поврзани со нашата држава кои се одржуваат во Европскиот парламент, Организацијата на Обединетите Нации и други меѓународни организации, како и содржини произлезени од соработка со други парламентарни канали.

-За време на претседателските и парламентарните избори 2024 година на Собранискиот канал ќе имате прилика да го проследите бесплатното политичко претставување на кандидатите, за време на кампањата, од 16 до 22 часот, се наведува во соопштението.

По завршување на парламентарните избори ќе се емитува и емисијата „Вашиот пратеник“ со која ќе биде претставен секој пратеник, и емисијата „Економски паралментарен брифинг“ на која ќе има дебати за економските закони.

Почетниот период на работа на Собранискиот канал со презентираните содржини ќе трае шест месеци, по кој програмските содржини ќе се збогатат.

Tags: програмасобранискоТВ студио
Next Post
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, реагираат од СДСМ

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk