Во акциските контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои 96 прекршоци што ги прават пешаците, соопштија денеска од МВР.
Изречени се 11 змерки за возење без возачка дозвола, четири мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, 15 мерки за користење на мобилен телефон…
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.