Собранието денеска ја почна 139. седница на која беа констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.
Премиерот Ковачевски и претседателот на Собранието не ги образложија оставките.
Се очекува на седницата да биде избран новиот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.
Ковачевски и Џафери, кој ќе биде мандатар на техничката влада, оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај.