ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Аналитичари: Голем е стравот кај некои партии кои до вчера зборуваа за големи „победи“ на изборите

January 31, 2024 12:22
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Како се приближуваат изборите, толку се зголемува стравот од голем пораз на некои партии кои до вчера зборуваа за своите големи „победи“.

Ова е оценката на познавачите на политичките збиднувања во земјава, со кој разговараше „Фронтлајн“, за опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ кон техничката Влада, нејзиното учество со кадри, не гласањето на истата во Собранието, најавите за бојкот на владините седници, по терк на блокадите на работата на Собранието во последните години.

– Калкулацијата за изборните резултати се мотивацијата на ВМРО ДПМНЕ за опструкцијата кон техничката Влада. Кога зборуваме за опструкцијата на уставните измени, таа има само за цел Република Северна Македонија да ја извади од шините кон ЕУ и да остане во една сива зона од Западниот Балкан, каде кога ќе доаѓаат влијателни пријатели од Западот ќе се зборува само за Уставните измени, а не за владеење на право, не за борба против корупција и не за демократски вредности и транспарентни институции, изјави за „Фронтлајн“, Џелал Хоџиќ – претседател на Странка на Демократска акција на Македонија (СДА).

Според него, единствен соодветен одговор на оваа деструктивна политика е сите прозападни сили во општеството, а посебно партнерите во Владата, да излезат со една заедничка листа во Европскиот фронт.

– Оние политички сили кои се залагаат за демократски вредности и кои Северна Македонија ја гледаат со место во западниот свет, без разлика на етничка и партиска разлика, мора заеднички да одговорат на деструктивните политики. Во спротивно, популизмот и примитивниот национализам ќе ѝ нанесат огромна штета, со големи последици за државата. Од тука сега одговорноста е кај оние чинители во општеството кои навистина сакаат државата да ја оствари својата стратешка цел – членство во ЕУ, подвлече тој.

Политичкиот аналитичар Урим Салиу вели дека колку се поблиску изборите, толку е поголем стравот кај некои партии кои до вчера зборуваа за своите големи „победи“.

– И ВМРО-ДПМНЕ која сфаќа дека пред неа веќе има ФРОНТ кој не е така лесно да се победи. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со опструкциите и кон техничката влада – во која е дел. Понекогаш нејзините постапки се погрдни, особено на алергијата што ја имаат кон премиерот кој е Албанец, но не можат да го сокријат своето политичко дејствување од меѓународната заедница, вели Салиу за „Фронтлајн“.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во однос на уставните измени оценува дека нереален бил оптимизмот кај власта дека тие се можни и покрај цврстиот став на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема да ги гласа. Тоа прашање, како што вели во интервју за „Слободен печат“, ќе остане на агендата за по изборите на следната влада и следниот парламент.

– Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се држеше цврсто во таа партиска дисциплина. Јасно е дека тоа прашање ќе остане на агендата за по изборите и дека следната влада и следниот парламент ќе треба да се занимаваат со тоа. Но, во ситуација кога шпекулираме дека сегашната опозиција би била власт после 8 мај, не знам како ќе го направат тоа бидејќи сите изјави што ги даваа се неверојатно радикални – дека овој предлог не би го гласале, па ќе пробаат да препреговараат и слично. Може да го замајувате македонскиот граѓанин кој има други грижи, но не може да ги замајувате странските претставници кои прецизно кажаа. Да кажеш „ние имаме план што ќе ви го кажеме после избори“ е несериозно, изјавил Пендаровски.

Истражувањето ЕлектоМетар на институтот „ПРЕСПА“ – Скопје – со спроведените три експерименти и опфатени 14.000 различни сценарија ги анализира комбинаториките и сценаријата кога на парламентарните избори 2024 година би се појавиле пет блокови на политички партии.

Според истражувањето, Владина коалиција би освоиле – 49,50% до 53,83% од важечките гласови, а ВМРО ДПМНЕ и нејзината коалиција би освоиле – 36,45% до 39,79% од важечките гласови, опозиционите партии на Албанците 1,32% – 1.93% од важечките гласови, Блок 4 – 2,07% до 3,79% од важечките гласови и Блок 5 – 4,12% до 6,80% од важечките гласови.

Коалоцијата на ВМРО-ДПМНЕ има околу 4% шанси да освои најголем број пратеници и притоа да дојде во позиција да го предложи составот на новата влада, се наведува во анализата.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕизборитехничка владаУрим СалиуЏелал Хоџиќ

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk