Советниците на Мицкоски продолжуваат со блокадата на проектите кои се од интерес на граѓаните во Советот на Град Скопје. Денес советниците на Христијан Мицкоски во Советот на Град Скопје гласаа против одлуката за набавка на модерни и нови еколошки автобуси, соопштуваат од Град Скопје.
„Веројатно додека траеше седницата тие добија некоја нова порака со насока како да ги „зезнат“ граѓаните. Поради лични хирови на нивниот претседател, советниците казнуваат половина милион жители на градот Скопје“, се наведува во соопштението.
Како што велат, „се работи за срамна одлука на советниците на ДПМНЕ која доаѓа по директна партиска директива од раководството на партијата. Советниците на Мицкоски уште еднаш покажаа дека партиските и личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните“.