Џелал Хоџиќ – претседател на Странка на Демократска акција на Македонија (СДА) – во изјава за „Фронтлајн“ вели дека сите оние политички сили кои се залагаат за демократски вредности и кои Северна Македонија ја гледаат со место во западниот свет, без разлика на етничка и партиска разлика, мора заеднички да одговорат на деструктивните и анти-западните политики во земјата.
– Калкулацијата за изборните резултати се мотивацијата на ВМРО-ДПМНЕ за опструкцијата кон техничката Влада. Кога зборуваме за опструкцијата на уставните измени, таа има само за цел Република Северна Македонија да ја извади од шините кон ЕУ и да остане во една сива зона од Западниот Балкан, каде кога ќе доаѓаат влијателни пријатели од Западот ќе се зборува само за Уставните измени, а не за владеење на право, не за борба против корупција и не за демократски вредности и транспарентни институции, изјави за „Фронтлајн“, Џелал Хоџиќ.
Според него, единствен соодветен одговор на оваа деструктивна политика е сите прозападни сили во општеството, а посебно партнерите во Владата, да излезат со една заедничка листа во Европскиот фронт.
– Оние политички сили кои се залагаат за демократски вредности и кои Северна Македонија ја гледаат со место во западниот свет, без разлика на етничка и партиска разлика, мора заеднички да одговорат на деструктивните политики. Во спротивно, популизмот и примитивниот национализам ќе ѝ нанесат огромна штета, со големи последици за државата. Од тука сега одговорноста е кај оние чинители во општеството кои навистина сакаат државата да ја оствари својата стратешка цел – членство во ЕУ, подвлече тој.
Дестан Јонузи
Поврзано:
Аналитичари: Голем е стравот кај некои партии кои до вчера зборуваа за големи „победи“ на изборите