ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Ако продолжат поволните трендови кај инфлацијата и на девизниот пазар, ќе има можност за пофлексибилна монетарна политика

February 1, 2024 10:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Движењата на инфлацијата и на девизниот пазар се поволни. Сепак, неизвесноста постои, а инфлацијата се уште е над историскиот просек. Оттаму, поставеноста на монетарната политика на Народната банка, соодветно на монетарната политика на Европската централна банка, засега останува иста, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа во изјава за „Блумберг Адрија“ нагласува дека идната поставеност на монетарната политика кај нас ќе зависи од инфлацијата, инфлациските очекувања и девизниот пазар, како и поставеноста монетарната политика на Европската централна банка, бидејќи, како што нагласува, ние спроведуваме стратегија на одржување стабилен девизен курс во однос на еврото.

-Доколку се задржат тековните поволни трендови, а изостанат некои ризици, тоа ќе остави простор за водење пофлексибилна монетарна политика, вели Ангеловска-Бежоска.

Коментирајќи ја монетарната политика којашто ја води Европската централна банка и очекувањата, гувернерката посочи дека ЕЦБ во три наврати досега ја задржа истата основна каматна стапка, но исто така продолжи со намалување на ликвидноста, што упатува на задржување на прудентниот карактер на монетарната политика.

-ЕЦБ јасно соопшти дека нејзините одлуки ќе зависат од инфлацијата, особено од базичната и од јачината на монетарната трансмисија. Очекувањата на финансиските пазари се дека ЕЦБ би го направила првото намалување на каматите во вториот квартал годинава за околу 20 базични поени, или збирно за околу 140 базични поени во текот на целата година. Но, од друга страна, аналитичарите очекуваат побавна реакција од страна на ЕЦБ“, истакнува гувернерката во изјавата.

Ангеловска-Бежоска потенцира дека дека централните банки носат одлуки засновани на податоци и информации коишто се променливи, и оти оттаму будно се следат макроекономските и финансиските податоци, како фактори на поставеноста на монетарната политика.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ангеловска-Бежоскамонетарна политикатрендови

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk