ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери потврди пред Агелер: Законот за рестриктивни мерки ќе биде вратен во процедура уште на следната владина седница

February 2, 2024 16:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Прајс Агелер.

Џафери ја истакна посветеноста на Владата кон стратешкото партнерство на Северна Македонија со Соединетите Американски Држави и нагласи дека и на новата функција ќе продолжи да биде силен промотор на таа соработка.

На средбата, премиерот и амбасадорката разговараа за потребата од обезбедување континуитет и ефикасност во работата на Владата и државните институции, и вложување на севкупни напори за подготовка и реализација на фер и демократски избори.

Премиерот Џафери нагласи дека претседателските и парламентарните избори се клучни за иднината на земјата и ќе претставуваат потврда за правецот на нејзиното натамошно движење. Во таа насока, двајцата соговорници се согласија дека процесот на преговори за членство во ЕУ ќе овозможи и позитивна трансформација на демократските капацитети во државата, засилување на реформските процеси во сферата на владеење на правото и борбата со корупцијата.

Амбасадорката Агелер му го честиташе изборот на премиерот Џафери, истакнувајќи ја важноста од неговата улога во демократскиот развој на земјата како прв претседател на Собранието, Албанец и прв претседател на Владата на Северна Македонија, Албанец во историјата на земјата. Агелер потенцираше дека изборот на премиерот Џафери испраќа силна порака дека, како и во Соединетите Американски Држави, така и во Северна Македонија, диверзитетот и почитувањето на неговото богато културно наследство ја прават земјата уште посилна. Амбасадорката ја истакна силната поддршка на САД на патот на Северна Македонија кон Европската Унија и изрази подготвеност за натамошна блиска соработка со Владата на тој пат.

Џафери ја нагласи определбата на Владата за активно продолжување на процесите и реформите врзани за евроинтеграцијата на Северна Македонија, со цел отворање нови можности за поголем економски просперитет и демократски развој. Меѓу другото, премиерот ја извести амбасадорката и за предлог Законот за рестриктивни мерки за кој се прават дополнителни и сеопфатни консултации, по што е предвидено повторно разгледување на истиот на следната владина седница.

Тој изрази благодарност за континуираната поддршка од САД за стабилноста и просперитетот на Северна Македонија и истакна дека нашиот придонес во колективната безбедност како земја членка на НАТО, ќе продолжи.

Tags: АгелерТалат Џаферицрни листи
Next Post
Ерол Ризаов

Ризаов: Стравот кој го обзема Мицкоски од изборите одвај успева да го прикрие со разни нарачани анкети

Shortcut

Најново

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk