Мицкоски, четири години тврди дека ќе победи на предвремените парламентарни избори. Еве стаса редовните и тој уште шири победничка атмосфера а стравот кој го обзема одвај успеа да го прикрие со разни нарачани анкети, вели во изјава за Фронтлајн новинарот Ерол Ризаов.
– „Hic salta Hic Rodos“. Тука е Родос, тука рипни, или може да се преведува прво рипни па викни оп. Тоа е античката поговорка, еден фалбадџија на олимписките игри кој се фалеле дека ќе рипне најдалеку кога не успеал во тоа тврдел дека на Родос рипа многу далеку. Мудрите организатори му рекле дека тука е Родос, тука рипни. И Мицкоски како чаламџијата од Родос четири години тврди дека ќе победи на предвремените парламентарни избори. Еве стаса редовните и тој уште шири победничка атмосфера а стравот кој го обзема одвај успеа да го прикрие со разни нарачани анкети. Уплашен е оти може да му се случи да ги изгуби изборите, па дури и ако победи да не може да формира мнозинска влада, анализира за „Фронтлајн“, Ерол Ризаов.
Е сега, додава тој, да видиме што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ако има мнозиство во Собранието и стане премиер.
– Да не си му во кожа а уште полошо за иднината на Северна Македонија. Ќе има два избора. Едниот подобар да се признае дека цело време лаже за поништување на склучените договори со Грција и Бугарија, да признае дека нема бугаризација и асимилација и да ги моли од опозицијата да не бидат глупави како врвот на ВМРО ДПМНЕ кој нанесе несогледливи штети и да се изгласа со двотретинско мнозинство она што тој и неговата партија не го направија и нанесоа огромни ненадоместливи штети. Се разбира Мицкоски тоа нема да го направи туку евентуални ќе прави медиумска пропаганда дека ќе направи подобри договори со Бугарија заради некоја козметичка промена. И толку, нагласи Ризаов.
Според него, втората варијанта е најлоша а можно е да се случи Мицкоски да ги исполни ветувањата и да не направи ништо.
– Тогаш не мора сто години да чекаме и никој што сме живи да не дочекаме европска Македонија. Доволно е и една, две години Мицкоски да продолжи да глуми патриот и ќе ја заврши работата засекогаш со кутра Македонија. Ете тоа е таа доктрина да се молчи за најважното стратешко прашање, или да се повторува папагалски и ние сме за европска Македонија ама не под овие услови. Епа други услови нема, подвлече тој.
Дестан Јонузи
Поврзано:
Мицкоски да го покаже планот за евроинтеграциите, европска Македонија друга алтернатива нема