„СДСМ уште пред нова година на седница на Централниот одбор повика на формирање на Европски Фронт. Моментот за градење на вредносни коалиции е токму сега, 2024 година. Во Европски фронт ќе бидат политички партии кои што делат исти вредности, Европска Унија, НАТО, забрзување на европскиот пат, повисоки плати, пензии, младите да останат да живеат тука, дома. Се надевам дека нема да бидат смо политички партии , ќе бидат определени здруженија, групации на граѓани, поединци докажани во сферата во која работат и навистина ќе имаат граѓаните јасен избор помеѓу она што значи брза инетеграција кон Европа и од друга страна ДПМНЕ осамено бидејќи го знаете коалициониот капацитет на Мицкоски , се скара со сите што можеше да се скара,“ порача пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Тој истакна дека не сака во 21 век, во 2024 година да се враќа на политики кои се рецидиви од минатото и каде што ќе се зборува кој е поголем Албанец, а кој поголем Македонец. Притоа посочи дека треба да се избере човек, претседател, влада, кои што нема да ги дели Македонците од Албанците, Србите, Ромите, Власите и сите кои живеат државата.
„Нас ни треба визионер, човек, со кој ќе се надминат национално- шовинистичките изјави,“ порача Костовски.