ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада

February 4, 2024 14:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Досега нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада. Очекувам таа да остане до крајот на мандатот, односно до почетокот на изборите, рече денеска првиот вицепремиер задолжен за европски прашања во техничката Влада, Бојан Маричиќ.

Според него, веќе е одржана една седница и конституирани се владините тела.

-Се очекува во вторник да има можеби повеќе од една седница и да биде усвоен законот за рестриктивни мерки. Доколкку сите политички актери кои учествуваат во владата се на исто ниво на свесност дека оваа влада има приоритет на организирање фер и демократски избори, но и на менаџирање на сите прашања кои ќе дојдат на маса за одлучување во интерес на граѓаните, тогаш не очекувам да има проблеми до крајот на мандатот, истакна Маричиќ по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Коментирајќи ја одлуката на Таравари да се приклучи кон албанската опозиција, Маричиќ оцени дека секој политички субјект има право да одлучи каде ќе се позиционира.

-Така е во демократија, така функционира. Но, контекстот, политичкиот момент денес во Северна Македонија ги дели и партиите и луѓето во партиите на генерлано два блока – оние што сакаат оваа држава да продолжи напред уште позабрзано со исправање на сите проблеми и недостатоци и да одиме на европскиот пат, значи сите оние што се за брзо зачленување во ЕУ и отстранување на сите пречки со широка политичка поддршка, и оние што сметаат дека се уште треба да се занимаваме со старите поделби, да ги поттикнуваме и да ги продлабоќуваме, односно тие што не се подготвени ниту да поддржат, ниту да придонесат за европскиот пат. Секој, дополни, ќе има прилика до почетокот на кампањата да се позиционира во однос на ова и сметам дека и граѓаните ќе имаат прилика во текот на кампањата да видат кој што има да понуди. Никој од нас не е во политиката да се бори за некаква функција, секој од нас треба да има мисија да ги поместува работите или државата напред колку што е можно и само така треба да ги цениме луѓето. Ние имаме комуникција со сите политички партии, вклучувајќи ја и Алијанса за Албанците. Тие се уште се наш коалициски партнер и ние веруваме дека Алијанса ќе има сила, во внатрешна дискусија, да донесе вистински одлуки за да припаѓа на победничкиот блок на изборите, подвлече Маричиќ.

На новинарско прашање дали е можно техничката влада да се „урне“ ако Алијанса се приклучи кон опозицијата, вицепремиерот е дециден дека тоа не го очекува.

-Не очекувам дека техничката влада ќе се „урне“. Не очекувам да се случи тоа. Очекувам да остане до крајот на мандатот, односно со денот на изборите сигурно, а пота веќе се други процедурите, подвлече Маричиќ.

Во врска со денешното чествување на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кое помина во најдобар ред, без никакви провокации и инциденти, Маричиќ потенцира дека името и делото на Гоце доликува да се слави токму така, достоинствено, без конфликти, национализам и злоупотреба.

– Драго ни е што нема провокации од Бугарија годинава, името и делото на Гоце доликува да се слави без конфликти, национализам и злоупотреба, нагласи Маричиќ.

Tags: Маричиќтехничка влада
Next Post
СДСМ

СДСМ: ДПМНЕ не може една амбасада да убеди, а не преговарачка рамка со ЕУ да смени

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk