ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Станкоски: Нема да дозволиме да се манипулира со тутунарите, тутунарите да прифаќаат само официјални анекси за зголемување на цената на тутунот

February 4, 2024 12:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот земјоделски инспекторат кој постојано е на терен при откупот на тутунот од ланската реколта им порача на тутунарите да прифаќаат само официјални анекси за зголемување на цената на тутунот, да не подлегнуваат на усни најави од откупувачите и секоја неправилност или евентуална злоупотреба да ја пријават.

Инспекторатот ги повикува компаниите да ги потпишат анексите и да се заокружи откупот што официјално трае до крајот на овој месец.

Според директорот на Инспекторатот, Јане Станкоски, откупот ја нема посакуваната динамика. Досега се откупени скоро 9 000 тони тутун по просечна цена од 330 денари за килограм. Само една од 10-те откупни компании со анекс официјално ја зголемила цената на 365 денари.

Досега се откупени близу 9 000 тони тутун. До нас нема стигнато официјален приговор за неправилности. Има пријава до Инспекцискиот совет, но од анонимен тутунар дека една откупна фирма понудила анекс, но ние тој анекс не можеме да го видиме. И се е на збор, а на тоа не може да дејствуваме. Тутунарите официјално нека пријавуват, не мора ситуацијата да биде за Инспекторатот, туку и за други институции, на пример полицијата за лажни ветувања и доведување во заблуда. На откупувачите им порачуваме да ги склучат тие анекси и да заврши откупот на тутунот. Само една фирма склучи анекс за зголемување на цената на 365 денари. Значи мое да се зголеми. Од почетокот на откупот немаше дебата, комуикација меѓу откупувачите и тутунарите, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.
Станкоски порача дека нема да се дозволи каква било манипулација со тутунарите.

Нема да дозволиме да се манипулира со тутунарите. Тутунопроизводството е значајна индустриско-земјоделска гранка, влијае и на девизниот прилив во земјава. Нашите подрачни канцеларии во земјава е отворени и сите тутунари може да се обратат во секој момент, вели Станкоски.
Ваквата ситуација може да влијае на новото тутунопроизводство. И Инспекторатот и тутунарите се гласни за измени во Законот за тутун.

Со оглед на ситуацијата, тоа може да влијае на новото тутунопроизводство. Затоа мора да има законски измени и за процесот на производство, преработка, за цените и правата на тутунарите. Но за тоа е потребно да се седне на заедничка маса, првенствено на производителите и откупувачите. Можеби таква можност ќе има во април кога е Конкресот на тутунарите и тутунопроизводството, вели јане Станкоски, директор на Државниот земјоделки инспекторат.

Tags: откупувачиСтанкоскитутун
Next Post

САД побараа од Владата на Курти да престане да поттикнува меѓуетнички тензии во Косово

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk