Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска одржала средба со шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски.
Од Амбасадата на САД во Скопје на социјалните мрежи информираат дека Агелер на средбата со Бубевски ја изразила поддршката за независното обвинителство.
Ја изразив нашата поддршка за независното обвинителство, кое е клучно за унапредување на владеењето на правото и евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување, потенцирала амбасадорката Агелер, се посочува во објавата на американската амбасада.