ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Аудиото од посетата на Талат Џафери во Форино е додадено и е од спортски натпревар

Во текстовите се известува дека на социјалните мрежи се појавило видео од дочекот на техничкиот премиер Талат Џафери организиран од неговите соселани, каде се гледа дека тие имаат формирано кордон со факели од двете страни на улицата додека поминува колоната од полициски возила и обезбедувањето на Џафери.

February 6, 2024 19:25
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Фото: Исечок од видеото во рецензираниот Фејсбук пост

Фото: Исечок од видеото во рецензираниот Фејсбук пост

Share on FacebookShare on Twitter

На видеото од посетата на техничкиот премиер Талат Џафери во неговото родно село Форино, снимен е видео материјал, кој содржи аудио со извици ,,Илирида, Чемерија, Косово”. Но, овие извици не се од пречекот на техничкиот премиер, туку се дополнително додадени, односно монтирани. Ваквиот видео материјал е манипулативен затоа што создава впечаток како техничкиот премиер да бил дочекан со овие извици, што не е точно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Во неколку објави на социјалната мрежа Фејсбук се споделува видео материјал кој потекнува од посета на техничкиот премиер Талат Џафери на неговото родно село Форино. Во насловите од објавите (овде, овде, овде и овде) се вели дека Џафери бил пречекан со извици ,,Илирида, Чемерија, Косово”. Во текстовите се известува дека на социјалните мрежи се појавило видео од дочекот на техничкиот премиер Талат Џафери организиран од неговите соселани, каде се гледа дека тие имаат формирано кордон со факели од двете страни на улицата додека поминува колоната од полициски возила и обезбедувањето на Џафери.

Во некои од текстовите пишува дека пречекот се шири по социјалните мрежи со негодувања на граѓаните.

Основата на сите објави и написи е видео материјалот на кој во позадина се слушаат извиците, ама тие не се автентични, туку се дополнително додадени (монтирани) и, всушност, претставуваат звук од навивање на спортски натпревар неповрзано со доаѓањето на Џафери во Торино.

Дел од порталите објавија дека станува збор за додадено аудио врз видео материјалот отпосле, оставајќи ја оригиналната содржина активна и непроменета.

Социјалните мрежи може да послужат како инспирација или место каде се добива дојава, меѓутоа новинарските професионални стандарди налагаат таа информација да се провери во согласност со членот 1 од Кодексот на новинарите, кој утврдува дека новинарот ќе објавува точни и проверени информации.

Во конкретните случаи, пласирана е содржина која што е изменета, со што се додава нов контекст на целата посета на Џафери во Форино, односно се допира етничката компонента. На Тик-Ток профилот од каде е споделено видеото со овој звук, може да се најде оригиналното видео од каде потекнува звукот.

Поради сите горенаведени факти објавите што ги рецензираме ги оценуваме како неточни, објави во кои има изменети аудио елементи (altered content). Видеото е автентично, но звукот кој се слуша во позадина е додаден и не е оригиналниот звук од посетата на Џафери на Форино.

Tags: ФориноЏафери
Next Post
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во посета на Косово, Србија и на Босна и Герцеговина

Дојче Веле: Будење на германските политички активности на Западен Балкан

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk