СДСМ е државотворна, храбра, одлучна партија која урива табуа и предрасуди во нашето општество градејќи го концептот едно општество за сите, и партија која традиционално си го држи својот даден збор и ветување.
Затоа силно веруваме во концептот на еднаквост и нашата решителност се препознава од страна на граѓаните.
-Европскиот фронт ќе победи на претседателските и парламентарните избори и идната Влада ќе ја предводи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Во новата Влада ќе бидам на функција за која мојата партија ќе одлучи и смета дека најсоодветно и најпрофесионално ќе ја извршувам, вели членката на ЦО на СДСМ и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, во интревју за МКД.мк
Мадниќ потенцираше дека особено е важно враќањето на вербата во судтвото, но дека не може да се генерализираат работите.
-Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси започна проверка на имотната состојба на претседателите на судовите и во извештај констатираше неусогласеност на четворица претседатели на судови во нивната имотна состојба. Сега на потег е Обвинителството и судството. Финансиската полиција, УЈП, ДКСК можат да ја проверат имотната состојба и судир на интереси за секој судија и обвинител. Политичкото влијание нема да може да го сопре ниту еден закон доколку судијата или обвинителот што имал некакво политичко влијание не го пријави. Постојано повикуваме дека судиите и обвинителите треба да се одважат и да пријават и пред сѐ одлуките да ги носат согласно закон, самостојно, непристрасно и совесно, потенцираше Мандиќ во интервјуто за МКД.мк.