ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Митрески – Вал: Собранието ќе работи со полн капацитет до одржување на изборите

February 6, 2024 15:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Јован Митрески, денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Килиан Вал, на која се разговараше за досегашната соработка и за обврските на законодавната власт во периодот до одржување на годинешните избори.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Митрески, тој изрази задоволство поради долгорочната и продуктивна соработка на земјава со ОБСЕ во изминатите 32 години, која, како што рече, резултираше со одржување на Самитот на Организацијата во Скопје кон крајот на минатата година.

Осврнувајќи се на активностите на Собранието до крајот на мандатот на овој состав, претседателот Митрески потенцира дека претстојните парламентарни избори се први редовни по 16 години во земјава. Со оглед на тоа што, како што посочи, овојпат нема потреба од распуштање на Собранието, тоа ќе работи во полн капацитет до почетокот на кампањата пред првиот круг од претседателските избори, а ќе биде во заседание до конституирањето на новиот собраниски состав.

Претседателот Митрески информира дека ќе ги распише изборите околу 14-ти овој месец, согласно роковите предвидени со Уставот и со Изборниот законик, посочувајќи дека овој состав на Собранието, во рамки на своите надлежности, моментално е фокусиран на обезбедување на сите предуслови за фер и демократски избори.

Амбасадорот Вал, честитајќи му го изборот на Митрески за претседател на Собранието, исто така, изрази задоволство поради долгогодишната соработка, која, како што рече, лани беше крунисана со претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Тој, исто така, изрази уверување дека соработката ќе продолжи во тој позитивен дух и во иднина.

Вал истакна дека му претставува задоволство што во текот на целиот изборен процес земјата ќе има ефективно Собрание, што, како што рече, е добро за граѓаните.

Во текот на разговорот, соговорниците разменија мислења и за други актуелни прашања поврзани со работата на Собранието и претстојните избори, како и за потребата од консензус за донесување на одредени закони кои се во процедура, се посочува во соопштението.

Tags: ДИВМ-НАВНадзор
Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Предлог-законот за помилување и измените на Законот за народниот правобранител го поминаа комисискиот филтер

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk