Пишува: ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ
2007-ма година.
Некое лето, јуни. Чудно лето у Нирнберг …чудно за мене. За нив сосема нормално, 15 степени.
Бев таму и бев распореден у смена, на работа како пожарникар.
Германци ко Германци…топли, гостопримливи, срдечни.
Почна некако како и што очекував.
Знаев дека очекуваа дека доаѓа некој од некоја мала и сиромашна земја. Знаев дека очекуваа прво да ме научат све она основно…у лева рака вилљушка у десна нож…па после сво она што се однесува до тоа како се гаси пожар и запознавање со нивната импресивна техника.
Прво видоа дека знам она со приборот…за кратко се уверија дека немам никаков проблем ни со импресивната техника која ја поседуваат. Добро, малце имам проблем со дисциплината која тие ја поимаат на сосема поинаков начин, ама тоа брзо го совладав.
Поминаа неколку дена и почнаа да ми се приближуваат се поише.
Сакаа да играат баскет, фудбал со мене, да ме шетаат навака-натака.
И така…а ја прифатив нивната дисциплина…донекаде…тие ја прифатија мојата недисциплина…донекаде, па така се најдовме на пола пат, онака ко што треба.
Дојде денот кој се надевав дека ќе дојде – пожар.
Гори столарска работилница.
Се качуваме у камион и одиме на работа.
Мене ми беше кажано дека нема потреба да учествувам, само да гледам како тие тоа го работат.
У првите триесетина секунди видов како работат…и не ми се свиѓаше. Земав црево и додека моите германски колеги гасеа од надвор, јас влегов внатре.
Од работилницата извадив 4 оксигенски боци и пожарот за кратко време беше ставен под контрола.
За мене тоа беше нормално, такви пожари се рутина.
За нив тоа беше…
Тоа што следеше ми ги разјасни оние нејасни работи кои од оваа страна не можев да ги видам.
Сите престижни весници дојдоа да прашаат што се случило.
Беше построена цела Нирнбершка бригада.
Потоа нивниот Командант на новинарите им рече: „Сакам да ја имам оваа техника која ја поседувам, но сакам да имам вакви пожарникари”.
Во тој момент се чувствував…па да кажеме како човек.
Трудот кој сум го вложил веднаш е вреднуван дури и на начин за кој јас мислев дека е претеран.
Јас видов како е да си Германец…а германците видоа дека и од малите, локални станици поаѓаат возови кои водат кон облаците.
Сакав само да кажам дека големите Германци ја голтнаа својата суета и се поклонија пред некој кој доаѓа од земја со големина на нивниот главен град.
И знаете што?
Видов дека тоа го направиија со огромно задоволство.
Сакате да ви кажам што ми се случило тука за многу поголеми интервенции?
Срам ми е…ај може ко ќе се пресрамам некогаш.