ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Штип со спротивен став од неговиот шеф Мицкоски за стратешката инвестиција „Стипион“

February 9, 2024 22:43
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се усогласи со своите сопартијци кога станува збор за ставови кои се од интерес за граѓаните.

Најдобар пример за тоа се различни ставови за најавената изградба на најголемата стратешка инвестиција, соларниот парк „Стипион“ со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов.

Соларната електрана со агриволтаици, меѓу Штип и Свети Николе, е најголемиот енергетски објект од овој тип во Југоисточна Европа и градоначалникот на Штип во своите јавни настапи го афирмира фактот дека тоа е и најголема инвестиција во енергетскиот сектор во неговиот град.

„Во најава е и за кратко време се очекува да се случи најголемата инвестиција во енергетскиот сектор на територија на Општина Штип, тоа е француската инвестиција во изградба на соларниот парк Стипион и ќе значи многу за нас како град, пред сѐ заради зголемување на енергетскиот потенцијал, но и за сите други придобивки што ќе ги имаме со оваа инвестиција. Разговаравме и за евроинтеграцискиот процес на Македонија кој очекуваме да биде забрзан и да се случи ден побрзо“, рече Јорданов за време на посетата на претставниците на „Акио Енерџи“ и францускиот амбасадор, кои заедно министерката за животна средина Каја Шукова ја посетија локацијата во пресрет на последните подготовки за старт на инвестицијата, откако ќе поминат законите во Собранието.

Од друга страна Мицкоски овие денови е во кампања да ги оспори вредностите на овој проект, заради, како што вели тој, нефер односите и привилегиите кон странските инвеститори кои не се исти со оние кон домашните.

Мицкоски за Стипион од 19:00 минута

„Овој условно кажаниот инвеститор (мисли на гигантот Акио Еенерџи од Франција, н.з.) планира на земја од неколку стотици хектари плодна помеѓу Штип и Свети Николе да нареди фотоволтаици на околу 500-тини хектари земјоделска плодна почва од прва, втора и трета категорија. И луѓето кои што денеска ја обработуваат земјата, и луѓето кои што таму ги хранат своите семејства ќе го изгубат тоа право“.

Со оваа своја изјава Мицкоски не знае, или прикрива и не сака да прифати дека станува збор за необработено земјиште кое со години не е во функција и кое сега, токму благодарение на агрофотоволтаиците од кои ќе биде структурирана соларната електрана „Стипион“.

Освен тоа, Мицкоски го игнорира и фактот дека соларниот парк „Стипион“ ќе се гради на истата локација каде што требаше да се изгради карго аеродромот што го договори владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2007 и 2008 година, односно Груевски кога беше премиер.

И тогаш, според физибилити студија на една холандска компанија, беше објавено дека станува збор за 500 хектари необработливо земјиште. Груевски инситираше на изгрдабата на карго аеродромот меѓу Штип и Свети Николе, иако и самите холанѓани во своите студии напишаа дека заради воздушните струења во тој регион, парцелата одредена за овој проект не е погодна.

Зоран Бојаровски / Рацин

Tags: „Стипион“енергетикаМицкоскисоларна енергејафотоволтаициШтип
Next Post

Заврши расправата за разрешувањето на министерот за здравство Меџити, во тек обраќањето на министерот за информатичко општество Алиу

Shortcut

Најново

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk