Последниот квартален извештај за реализацијата на Буџетот на Општина Аеродром за 2023 година уште еднаш го потврди она што го забележувавме минатата година, а тоа е дека лошо се планираат средствата, буџетот е неразвоен и бавно оди прибирањето на општинските приходи, истакнува Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром.
Во делот на капиталните расходи, додава Ристески, реализирани се само 45 милиони денари (околу 730 илјади евра).
„Тоа е отприлика колку што Владата минатата година одвои за заемот за реконструкцијата на 2 улици во Лисиче (Црноризец Храбар и Мите Богоевски). Или со други зборови, тоа е 3,5 пати помалку од 170 милиони денари што Владата ги одвои годинава за доградба на ОУ Блаже Конески и новиот објект на клонот Изворче, на детската градинка Срничка, со капацитет за сместување на 200 нови дечиња“, рече Ристески.
– Ова потврдува дека капитални инвестиции во 2023 година општината речи си и да немала, додека проектите со кои Муцунски најмногу се фали, сепак се финансирани од Владата на СДСМ, нагласи Ристески.
Ј. Ѓ.