ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонските амбасади во Берлин и во Лондон: Патниот лист е со важност од 30 дена, чини 30 евра на трошок на граѓаните

February 12, 2024 10:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските амбасади во Берлин и во Лондон на нивните официјални фејсбук страници објавија инструкции за државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија, дека можат да се вратат во земјата со Патен лист што се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.

Патни листови, стои во објавите од Амбасадите ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.

– Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да ги лично да ги подигнат во ДКП каде го поднеле барањето. Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист: пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра, објавија од македонската амбасада во Берлин, Германија.

Од македонската амбасада во Лондон на фејсбук известија дека сите македонски државјани кои престојуваат во Обединетото Кралство и Ирска може да аплицираат за издавање на пасош во МК Амбасадата во Лондон, со закажување на термин, преку меил: london@mfa.gov.mk со назнака “Обнова на патна исправа”.

– Доколку државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасош во Република Северна Македонија, истите можат да се патуваат со “Патен лист” издаден од МК Амбасадата во Лондон. Патниот лист е важечки документ за патување во еден правец, кон Република Северна Македонија, а во земјата треба да се поднесе барање за издавање нова патна исправа (пасош), со новото уставно име „Република Северна Македонија. При издавањето на патните листови, пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ нема да бидат поништени, стои во објавата на фејсбук од Амбасадата.

Се појаснува дека Патниот лист се издава со закажување на термин на london@mfa.gov.mk со назнака „Итен Патен Лист„ по можност 1-2 недели пред вашето патување кон Северна Македонија.

– Потребни документи за издавање на Патен лист се: пасош; пополнето барање за издавање на патен лист; две фотографии; конзуларна такса од 27 фунти. Патниот лист се издава истиот ден кога се поднесува документацијата во Амбасадата и важи 30 дена од дaтумот на издавање, објавија на фејсбук од македонската Амбасада во Лондон.

Tags: 30 евраберлинконзуларни таксиЛондонМК АмбасадиПатни листови
Next Post
Georgy Kluchnik

Интервју

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk