ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ловџии во нашиот двор

February 13, 2024 10:46
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: БОРКО ЗАФИРОВСКИ

За Емилија…

Почитуваната Проф. д-р Емилија Целакоска , како и неколкумина млади и разборити интелектуалци, со или без академски титулари, го белеат женскиот образ со смело втурнување во актуелна дневнополитичка, но и таложена,  а во научни дисциплини, одлежана проблематика. Таа може да се нарече политикологија но свежиот пристап ги отвора портите на една , сè поубава, мека и непретенциозна борбена есеистика.

Да се издвоиме од женско-машки пристапи оти нашата журналистика од Втората светска војна, бележи наплив од активности и „активистки”, врз слободоумни, воспитни и образовни основи а да обрнеме внимание на современиот пристап , алармантно потребен во време жедно за вистински лекови и мобилна хирургија. Веднаш!

Дали ги забележуваме малите но болни вапаи на Фб и ТВ проследувачи, како и чистата мисла на се помалку размислувачки и уште помалку упатени читатели и гледачи? Не! Сите спијат или би дремнале, апатично или гастрономско бегајќи од заморно теми меѓу кои лесно се препознаваат партиски шкртки, ама и шематизирани високоумности за низ дома, скрибомански релаксација со чуено а не проучено, „вундеркинди” од основно, вљубеници во тешки зборови и парцијални цитати и интернет школи и и?

Конзервативно новинарствување со планетарно нарцисоидно насилие .Бља! Од креативност уште мемоарите да ги стокмат и искривеното родословие. Душманство врз слободоумието и низок ,сувопарен ум на разни Це Ка. до кои не би стасале.

Емилија Целакоска, (Ана, Весна, Лидија, Марија…), се во сценариото „Двор” од филмскиот режисер Б.З . кој го напиша во првиот семестар на ФДУ, многу одамна,  класа филм, режија: дворот со чешма во средината за сите жители од десетина вратички со по една скала и влез во кујна, што е и спална-СЕ! Нужникот е во дворот, нокширите пред врата, како и наланите и папучите. Кокошките колваат, сандаците со зајаци се детска забава и прехрана, а свињчиња од надворешен ѕид…

Текстовите на Е.Ц. за ловци на елен или зајаци, ми се стуткаа во „Дворов” на ,велат, елитна зграда, со папучи пред врата тетовирани обезбедувач и веројатно повеќе камери отколку на времето за „Бен Хур”. Кога го препрочитав и Бдеењето, па тек И.Б. а без да ги додадам моите „фаворити” за Француски предлози, за Бугарите до 1945 г. ,ми се отвори видокругот на Дворот во кои се прибираме и заминуваме, а живееме од ФБ, по некој напис и запис, со многу лаги и без слога за да организираме, барем по еден „Ирски лов на лисици” , текст објавен во серија мои колумни, со љубезност на „Глобус“, во врвната стравовлада на Режимот од 2012г.

Ќе потсетам на прекрасните записи од режисерот (сценарист и глумец) Џон Хјустон кој во пеесеттите се доселил во пра- татковината Ирска, период кога Макартизмот бркаше „вештици” и комунисти (?) низ Холивуд, каков што беше „Големиот диктатор”, Чарли Чаплин.

Но за ловот на лисици беше збор, популарен во Англија, Ирска, Америка…

Тоа била многу сериозно организирана спортска забава а сурова и опасна игра.

Во дотичната грофовија лов се одржувал во вторник, четврток и сабота. Мајсторот давал задачи и команди од вечер да се затрупаат дупките на лисиците по кои од утрина со строги протоколи но и многу бучни придружни, во зависност од успешноста, четириесет коњаници и толку парови на дресирани кучиња, тргаат во специјалната операција на гонење. Грофовијата била предизвик и за јавачите и нивните коњи кои често требале да прескокнуваат високи камени огради и ѕидови на канали.

Членството се плаќа, како и Сместувањето и платата на Мајсторот на ловот, коњушарите, згрижувачките на кучињата. Теренските мајстори се одговорни и за дисциплината на членството кое ги гласа луѓето и одлуките.

Таквата организација и дисциплината, вели Хјустон, можеби се анахронизам. Покрај сите опасности и помори, лисиците умеат и да се извлечат, наместо да бидат труени од фармерите. Тие, лисиците, се и крволочни оти освен за прехрана, убиваат цела живина.

Од друга страна, таа крвава страст бара добри јавачи и способни ловџии. Несреќите и грешките носат и скршеници. Набљудувањето се плаќа со купување качкет за на лов. Еднаш Џон го поканил Морган Мери кој купил цела опрема, но Хјустон кога се вратил го нашол крај каминот со пијачка: Па Морган, што мислиш, како ти се допаѓа ловот?

Мислам дека сите вие сте луди сите сте вон од памет па ни во сон не би ве дружел.

-Во нашава Грофовија, во Дворот чешма и кал, со одводи од садопери и легени, фекалии и отпадоци со крици на семеен дијалог и комшиски расправии, со тресоци и музики , ловот е далечно минато во долините од кај што сме дошле за да правиме плурална економија и демократија. Ние се напикавме во куќичките на арх. Вангел Божиновски сред сала на Собранието а од првиот ден на должност, итаме во маало или село, да не видат од семејството и соседството со убави возила, кои потоа ги гледаме калосани покрај кафулиња.

Ете, едно остро видување, еден повик дека се гледаме и се читаме. Една година и не била многу, ни десетина не се, особено кога шуруваме меѓу себе и си кажуваме што ќе ви правиме?

Етика, естетика, а за Џон Хјустон, треба дарба, работа  и витешка храброст. Да, и образ.

Редакции, луфтирајте се. Не е до возраста, до промашеното самочувствие. До чергите во носот и Паланката во главата. Комформистички кукавици.

Што поскоро.

Џон Хјустон, блискиот на Папа Хемингвеј, сметаше дека со дланки не можеш да го фатиш морето-важно е да згазиш во океанот.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Цивил Медиа
Tags: Борко ЗафировскиЕмилија Целакоска
Next Post
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Пет години затвор за рускиот професор Кагарлицки кој ја критикуваше власта

НАЈНОВО

Поевтинуваат бензините и дизелот

August 18, 2025
Фото: МО

Во Штип би можел да се изгради хибриден клинички центар на НАТО, најави Сиљановска Давкова

August 18, 2025

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција за локалните избори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk