ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влада: Од утре продолжува редовната настава за сите ученици во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка

Во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка е изнајдено решение за продолжување на воспитно образовниот процес за сите ученици, на нивниот мајчин јазик. Учениците од утре се враќаат на настава, информираат од владината прес-служба

February 13, 2024 18:07
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка е изнајдено решение за продолжување на воспитно образовниот процес за сите ученици, на нивниот мајчин јазик. Учениците од утре се враќаат на настава, информираат од владината прес-служба.

Наставата за сите ученици од ова училиште времено ќе се реализира во постојниот објект, односно до крајот на учебната година и по адаптирани наставни програми, со цел совладување на материјалот кој е пропуштен поради неодржувањето на часовите во изминатиот период.

Одлуката е донесена под покровителство на премиерот во техничката Влада, Талат Џафери, во координација на Министерството за образование и наука, а со учество на пратениците од сите политички партии, претставниците на локалната самоуправа и засегнатите страни.

-Решението на горливиот проблем, кое во форма на спогодба е потпишано од министерот за образование и наука, градоначалникот на Чашка и директорката на училиштето, предвидува враќање на одземените ингеренции на градоначалникот во делот на управување со училиштето од страна на Министерството за образование и наука, како и изградба на нов училишен објект, како трајно решение на предизвикот кој го доведе во прашање образованието на мајчин јазик на учениците од оваа општина, се вели во владиното соопштение.

Како што информираат, изградбата на објектот ќе биде заедничка обврска на министерството и општината. Чашка ќе отпочне иницијатива за основање на нов правен субјект, ќе обезбеди локација и комплетна урбанистичко – планска документација, додека МОН ќе обезбеди финансиски средства и ќе го реализира инфраструктурниот проект. Новото училиште треба да биде изградено до крајот на тековната календарска година

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништа, издавањето е без надомест

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk